Во склоп на нашата Групација дејствуваат повеќе компании од различни дејности како што се:
К.А.К ДОО Скопје - друштво за угостителство, туризам и услуги, во склоп на кое дејствува Ле Гранд Казино кое постои повеќе од 25 години со локации во Скопје и Битола
Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Смрча, Спорт и Ски Центар Маврово) кое е место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња.), со ќерка-фирма К.А.К. - АГРО ДООЕЛ Друштво за производство, промет и услуги.
Доколку сакаш да бидеш дел од нашиот тим и да работиш за една успешна групација аплицирај за работното место
РЕГРУТЕР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ И АДМИНИСТРАЦИЈА
(работно време: полно или скратено)
Работни задачи и одговорности на Регрутерот за човечки ресурси и админситрација:
✔ Самостојно спроведува Регрутација и селекција- Подготовка, развој и имплементација на политики за човечките ресурси преку постојана комуникација со менаџери на одделни сектори
- Развој на иновативни канали за активна регрутација и учество во креирање и спроведување на кампањи и стратегии за регрутација
- Kоординирање, организирање и водење на процесот на регрутација и селекција
- Објавување на огласи преку различни канали
- Пронаоѓање и привлекување на кандидати со користење на различни канали за регрутација, согласно планираниот човечки потенцијал посебно по компании.
- Реализација на пред-селекција и финална селекција на кандидати
- Пријава и одјава на вработените
- Изготвување барања за продолжување на работен однос, изработка на Договори за вработување, Анекси и сл.
- Познавање на целокупната постапка за вработување на странци и регулирање на привремен престој на странец во државата
- Активно познавање на Закон за работни односи
✔ Подготвува и спроведува Онбординг процес
- Воведување на нови вработени во процесот на работа;
- Изработка и ревидирање на програма за менторство
- Обука на ментори
✔ Самостојно води Администрација на вработени
- Создавање и одржување на досиеата на вработените во системот за администрација на вработени на компанијата и хард копи дисиеа на вработените
- Решавање на административни прашања на вработените
- Спроведување на други процедури за администрација на персонал; решенија за годишни одмори, отсуства од работа, боледувања, издавање на потврди и сл.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Високо изразени комуникациски и интерперсонални вештини
- Креативност и аналитичност
- Позитивна, флексибилна и проактивна личност
- Планирање и организација на работата
- Решавање на проблематични и конфликтни ситуации
Потребни квалификации:
- Диплома за завршено високо образование со фокус на човечки ресурси (Општествено-хунамистички насоки)
- Искуство од најмалку 1 година во активна регрутација и селекција, предност ќе се смета познавање на постапката за вработување на странци
- Силна деловна етика со способност за проценка на ситуација не само од човечка туку и од деловна перспектива.
- Силно изразени комуникациски и презентациски вештини
- Одлични организациски вештини и вештини за планирање за да се постават и надминат утврдените цели, распореди и дадени рокови.
- Способност да чува доверливи информации што се однесуваат на човечки ресурси.
- Поседување на компјутерски вештини на напредно ниво во обработка на текст,емаил, табели и презентации.
- Познавање на говорен и пишан англиски јазик.
- Познавање на MS Office.
- Возачка дозвола Б категорија.
Доколку станете наш вработен добивате:
- Вработување на определено време, со можност за продолжување на Договорот и по завршување на периодот за кој е склучен
- Можност за напредок, награди и бонуси
- Дополнителни попусти во нашите смествувачки капацитети и ресторани
Локација: Скопје (патувања до Маврово согласно потребите на работата)
Тип на вработување: Можност за вработување на полно или скратено работно време
Како да аплицирате:
Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо преку полето Брза Апликација и во subject наведете Регрутер за човечки ресурси и администрација.
Рок за пријавување на огласот: 10.09.2024 год.
Disclaimer:
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
- КАК ДОО е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.