Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.
Асистент на продажба за извоз
Работно место во Скопје
Што добивате:
- Конкурентна плата + месечни бонуси согласно остварените таргети;
- Работни денови од понеделник до петок;
- Приватно здравствено осигурување по истек на пробен период;
- Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa;
- Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата;
- Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења, можност за континуирана едукација;
- Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
- Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
- Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата;
Работни задачи:
- Поддршка на продажниот тим во реализацијата на поставените планови за клучните партнери
- Поддршка во развојот и унапредувањето на соработката со постојните и потенцијалните клиенти
- Поддршка во информирањето на клучните клиенти за новите производи и промоции
- Учество во преговори и одржување на односите со партнерите
- Административно следење на процесот на продажба на асортиманот: креирање на планови за продажба, оптимизација на залихи, креирање фактури и координација на испораките до партнерите
- Подготовка на финансиски одобренија
- Учество во креирање и изработка на годишни планови за партнерите
- Учество во следење на спроведувањето и реализацијата на активностите со цел зголемување на деловните перформанси
- Следење на трендовите на пазарот со цел навремени активности и прилагодувања
Од кандидатот очекуваме:
- Познавање на англиски јазик
- Претходно искуство на исти или слични работни места е предност, но не и услов
- Добри компјутерски вештини
- Темелност во решавањето на работните задачи
- Проактивност, приспособливост и совесност во работата
- Снаодливост и брзина во решавањето на работните задачи
- Познавање на паритетот на испораките во надворешно-трговското работење
Краен рок за аплицирање: 11.09.2024 година.