За нас
Денес во компанијата се вработени 250 лица кои се професионално обучени за извршување на своите задачи и добро координирани со цел потребите на нашите клиенти да бидат во целост задоволени. Со текот на времето фирмата прераснува во целосно екипирана и професионална компанија за меѓународен транспорт. Возниот парк во сопственост на компанијата и бројот на вработени во континуитет се зголемува.
Стратешките цели на Дени Интернационал се насочени кон зголемување на профитот, континуиран раст и развој на организацијата и проширување на дејноста во соседните држави. Сето ова не прави стабилен и доверлив партнер ориентиран кон долгорочна соработка. Возниот парк во сопственост на Дени Интернационал се состои од 90 товарни возила наменети за меѓународен транспорт и локална дистрибуција, сите опремени за транспорт на различни видови роба (палетизирана / непалетизирана, опасни материи – АДР, итн.).
ДМТШ Дени Интернационал има потреба од вработување на возачи за меѓународен транспорт.
Возачи со Д категорија
Ние нудиме:
- Највисока плата и најдобри услови за меѓународни возачи во Македонија и регионот
- Пријавени на целиот износ
- Редовна исплата на К15
Услови кои треба кандидатите да ги исполнуваат се:
- Возачка дозвола Д категорија
- Лиценца за учество на возачите во меѓународниот сообраќај
- Дигитална картица
- Потребно искуство во меѓународен транспорт
Ги покануваме сите заинтересирани кандидати, своите податоци да ги испратат преку полето "Брза Апликација", со напомена за која позиција аплицирате.
За подетални информации, во однос на платата и условите обратете се на следниов тел.број: 02/2581-754 или 070/486-818