Vrabotuvanje.com - Комерцијалист на нон-тобако производи - Скопје - ЕКСПАНДА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Комерцијалист на нон-тобако производи

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕКСПАНДА ДООЕЛ


Доколку сте подготвени за предизвици и работа во средина која постојано напредува и барате можност да ги развивате сопствените професионални знаења и вештини, пријавете се за позицијата:
 

 
КОМЕРЦИЈАЛИСТ НА НОН-ТОБАКО ПРОИЗВОДИ 

Локација: Скопје
 

Експанда ДООЕЛ е водечка дистрибутерска компанија во Македонија. Нашиот успешен тим е составен од вработени кои имаат знаења, вештини и тежнеат кон тимската работа па со своите резултати поставуваат високи стандарди во компанијата. Во моментот бараме мотивирани кандидати кои би се приклучиле на нашиот тим за продажба.

Нудиме:

  • Конкурентна плата во индустријата со атрактивни месечни бонуси;
  • Службено возило достапно 24/7;
  • Одлични услови за работа, иновативна средина и развој во динамичен тим;
  • Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата;
  • Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот;
  • Обезбедена опрема за работа (службен телефон, лаптоп).

Обврски и одговорности:

  • Планирање на активности на дневно, неделно и месечно ниво;
  • Посета на купувачи на определениот регион со цел:
o Остварување и унапредување на планираните продажби;
o Улистување на производи кај нови купувачи.
 
  • Презентирање на производите и нивните бенефити;
  • Се грижи за:
o Позиционирањето на производите на продажните места;
o Залихата на производите на продажните места;
o Договарање и спроведување на маркетинг активности.
 
  • Идентификување на пазарните трендови и предлагање на активности;
  • Давање на предлози за подобрување на продажбата;
  • Почитување на зададените рокови;
  • Остварување на зададените таргети.

Потребни квалификации:

  • Возачка дозвола - Б категорија без забрани и ограничувања;
  • Практично користење на MS Office (Еxcel, Power point, Word);
  • Активно користење на англиски јазик ќе се смета за предност;
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини;
  • Способност за ефикасно справување со приговори и решавање на проблеми;
  • Работно искуство од најмалку 1 (една) година во FMCG продажба.
 
 
Пријавете се со праќање на вашата лична биографија преку полето Брза Апликација.
 
Рок за доставување пријави e до 22.09.2024 година.
 
Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде