Vrabotuvanje.com - Возач на локомотива (Внатрешен транспорт) - Скопје - ЛИБЕРТИ АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Возач на локомотива (Внатрешен транспорт)

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЛИБЕРТИ АД Скопје

Групацијата LIBERTY Steel Group, како дел од GFG Alliance, е глобална компанија за челик и рударство со над 30.000 вработени на повеќе од 200 локации на четири континенти. Тоа е меѓународен бизнис со интегрирана понуда - од производство на течен челик направен од суровини и рециклирани материјали до челици со голема прецизност и придружни услуги, достапни за клиенти ширум светот.

Либерти Скопје, како дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани, поцинкувани и пластифицирани производи, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. Ние веруваме дека нашата позиција во челичната и рударската индустрија носи уникатни можности.

За потребите на внатрешниот транспорт, ги покануваме сите заинтересирани лица да аплицираат за следната позиција:

Возач на локомотива (Внатрешен транспорт)

Клучни одговорности:

  • Управува со локомотива за внатрешни потреби на компанијата (во капацитетите на компанијата)
  • Прави визуелна редовна проверка за исправност на локомотивата
  • Управува со индустриските машини (виљушкар) на работодавачот
  • Самостојно го одржува возилото со кое управува

Личен профил:

  • Завршено средно образование- сообраќајна струка- машиновозач
  • Поседување на дозвола за машиновозач за управување со железничко возило од Министерство за транспорт и врски
  • Можност за работа во 3 смени
  • Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа

Што нудиме:

Динамична работна средина во која се стимулира учење и професионален развој. Конкурентен надомест како и ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ.

Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација ние ќе ги обработуваме Вашите лични податоци како преддоговорна активност или, доколку се согласите ќе ги чуваме во нашата база на кандидати. Вие можете да ја повлечете Вашата согласност во секое време со испраќање на барање на електронската пошта: HRJobs.Skopje@libertysteelgroup.com. Повеќе информации можете да најдете во Известувањето за приватност за кандидати за вработување: https://libertysteelgroup.com/mk/vacancies/

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде