Vrabotuvanje.com - Советник за техничка продажба - Скопје - Друштво за производство, трговија и услуги КНАУФ ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Советник за техничка продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • Друштво за производство, трговија и услуги КНАУФ ДООЕЛ Скопје

 

 

Ви нудиме можност за вработување како 

СОВЕТНИК ЗА ТЕХНИЧКА ПРОДАЖБА

За Кнауф:

Ние сме еден од водечките светски експерти за градежништво и иноватори во областа на современите системи за гипс плочи, изолација и градежни материјали. Без оглед на структурата или градежниот проект – Кнауф реализира – за и со своите клиенти. Кариера во Кнауф значи интересни и динамични работни места на локално и меѓународно ниво. Со повеќе од 300 производствени капацитети и продажни мрежи во над 90 држави, како и 41,500 вработени ширум светот, групацијата Кнауф е без сомнение глобален лидер на пазарите во Европа, САД, Јужна Америка, Азија, Африка и Австралија.

Вашите задачи:

  • Познавање на карактеристиките и квалитетот на Кнауф системите
  • Промоција на Кнауф системите на македонскиот пазар
  • Техничка поддршка на инженерите при користење на Кнауф системите
  • Активно познавање на профилот на купувачите и конкуренцијата
  • Организација на промотивни активности
  • Организација на обуки, семинари и презентации за сите целни групи
  • Техничка грижа за објектите во кои се вградуваат Кнауф системите

Она што ние би сакале да го имате:

  • Диплома за завршен Архитектонски или Градежен факултет
  • Претходно работно искуство на слична позиција
  • MS Office
  • CAD графички програми
  • Англиски јазик
  • Возачка дозвола Б категорија

Ние сме заинтересирани за вас како личност; вашиот став, однесувања и вредности. Сè додека имате желба и сте подготвени да научите се што ви е потребно за оваа работна позиција, ние би сакале да разговараме со вас.

Ние ви нудиме:

  • Компетитивна плата
  • Можност за годишна премија за постигнати резултати
  • Службено возило
  • Програми и обуки за развој на вашата кариера
  • Динамична работа во брзо растечка, глобална компанија
  • Работа со тим од професионалци и индивидуалци кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација

Доколку сакате да работите во меѓународна компанија со можности за личен и професионален развој, Ве повикуваме да ја испратите Вашата професионална биографија (CV и мотивационо писмо) најдоцна до 12.09.2024 преку копчето за БРЗА АПЛИКАЦИЈА. Компанијата Кнауф го задржува правото да ги повика на интервју само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.

Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција.

Повеќе информации околу Вашите права за обработка на податоците, како и за начинот на обработка на податоците можете да добиете на следната меил адреса: info-mk@knauf.com

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде