Vrabotuvanje.com - Металостругар (Централно машинско одржување) - Скопје - ЛИБЕРТИ АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Металостругар (Централно машинско одржување)

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЛИБЕРТИ АД Скопје

Групацијата LIBERTY Steel Group, како дел од GFG Alliance, е глобална компанија за челик и рударство со над 30.000 вработени на повеќе од 200 локации на четири континенти. Тоа е меѓународен бизнис со интегрирана понуда - од производство на течен челик направен од суровини и рециклирани материјали до челици со голема прецизност и придружни услуги, достапни за клиенти ширум светот.

Либерти Скопје, како дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани, поцинкувани и пластифицирани производи, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. Ние веруваме дека нашата позиција во челичната и рударската индустрија носи уникатни можности.

За потребите на нашето одржување, ги покануваме сите заинтересирани лица да аплицираат за следната позиција:

Металостругар (Централно машинско одржување)

Клучни одговорности:

  • Врши обработка со стругање на разни машински делови
  • Ги изработува сите видови машински делови согласно можностите на машините со соодветна прецизност и квалитет
  • Изработува машински делови на машини и алати (струг, глодалица и др)
  • Уредно ја одржува машините и алатите со редовно чистење, подмачкување и контрола на маслото
  • Извршува задачи од аспект на превентивно одржување за посложени контроли
  • Врши демонтажа, поправка и монтажа на хидраулични, пневматски и машински компоненти и делови
  • Активно учествува во отстранувањето на дефекти од машинска природа кои настануваат на линиите
  • Активно учествува во плански санации и ремонти на постројката
  • Правилно ги употребува алатите и помошните средства при демонтажа, санација и монтажа на опремата како и при заварување
  • Идентификува и решава технички проблеми за да обезбеди квалитетна работа на брусилките, пескара и други машини
  • Соодветно планира материјал и алатки за тековно одржување на машините
  • Заедно со одржувачката служба подготвува планови за ремонт и репарација на линијата и делови од неа
  • Управува со автодигалка 

Личен профил:

  • Можност за работа во 3 смени
  • Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа 

Што нудиме:

Динамична работна средина во која се стимулира учење и професионален развој. Конкурентен надомест како и ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ.

Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација ние ќе ги обработуваме Вашите лични податоци како преддоговорна активност или, доколку се согласите ќе ги чуваме во нашата база на кандидати. Вие можете да ја повлечете Вашата согласност во секое време со испраќање на барање на електронската пошта: HRJobs.Skopje@libertysteelgroup.com. Повеќе информации можете да најдете во Известувањето за приватност за кандидати за вработување: https://libertysteelgroup.com/mk/vacancies/

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде