Vrabotuvanje.com - Кредитен референт - Струмица - Струмица - Микрокредитна фондација ХОРИЗОНТИ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Кредитен референт - Струмица

Струмица

Рок за пријавување:

  • Микрокредитна фондација ХОРИЗОНТИ
  • Адреса: Св. климент Охридски 58Б 2-3/1, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.horizonti.org.mk
 


  Микрокредитна фондација Хоризонти повеќе од 20 години обезбедува пристап до финансиски услуги за поддршка на малите бизниси, индивидуални земјоделци и друго население со помали приходи. До сега имаме опслужени над 20,000 клиенти, преку деловна мрежа од 8 подружници распоредени во различни региони од земјата.

  Целата на нашето работење е втемелено во социјалната мисија на организација, да создаде позитивно влијание врз деловните активности на клиентите и нивниот животен стандард.

  За реализација на деловните активности во склад со годишните планови имаме потреба од вработување на:



КРЕДИТЕН РЕФЕРЕНТ
 филијала Струмица



Опис на работата:

  • Промоција и пласман на кредитните продукти на Хоризонти до крајните корисници
  • Обработка на кредитни апликации и анализа
  • Мониторинг на наплата
  • Одржување квалитетен деловен однос со клиентите и нивно долгорочно опслужување

Услови: 

  • Жител на Струмица или околината
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Спремност да патува и работи во рурални средини.
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност.
  • Развиени комуникациски и продажни вештини и техники.
  • Аналитички и организаторски способности.
  • Тимски играч.

Ние нудиме:

  • Едукација и менторство во првите 3 месеци за оспособување на новите кредитни референти
  • Пристап и користење на службените ресурси (возила, телефон, компјутер)
  • Фиксно работно време
  • Плата базирана на учинок и перформанси
  • Пријатна работна атмосфера и тимски пристап

Услови за аплицирање

Сите заинтересирани кандидати треба да испратат свое CV и мотивационо писмо (опционално) преку полето Брза Апликација.

Со Вашата апликација давате согласност за задржување на испратените податоци во базата за идни вработувања на компанијата во рок од 1 (една) година. Истите ќе бидат третирани со максимална доверливост и заштита.

Огласот е отворен 10 работни денa од неговото објавување (од 02.09.2024 до 16.09.2024).

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде