Во согласност со брзиот раст на компанијата - наш клиент, бараме вредни поединци кои се спремни да работат како ХИГИЕНИЧАР И ОПШТ РАБОТНИК со цел да учествуваат во работењето и активностите на нашата компанија и се способни да понудат постојана и активна подршка според највисоките стандарди,, одржувајќи го презентативниот и целокупниот углед на компанијата.
ХИГИЕНИЧАР
Основни должности и одговорности:
- Редовно одржување на хигиената во сите простории
- Разни задолженија од областа на хигиената согласно интерните процедури и стандарди на компанијата
- Дополнителни активности поврзани со процесот на работа и подршка на останатите вработени
- Извршување на работни задачи поврзани со поддршка на останатите членови
Лични карактеристики:
- Отвореност за работа во динамична позитивна работна атмосфера
- Ентузијаст со позитивен став кон работата
- Лојалност кон организацијата
- Поседување на дисциплина и морални принципи во работењето
Потребни квалификации:
- Минимум cредно образование
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција од минимум една (1) година ќе се смета за предност
- Поседување возачка дозвола Б категорија (задолжително)
- Познавање на англиски јазик ( ќе се смета за предност)
Што можете да очекувате од нас:
- Картичка за оброк и услуга за транспорт
- Приватно здравствено осигурување за болнички престој
- Компетитивна плата, месечни бонуси
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.