„Лојал Стил“ е компанија основана во 2001 година, беше ориентирана кон продажба на машини за шиење и резервни делови за истите. Подоцна компанијата ја прошири својата дејност во текстилната индустрија и стана една од водечките специјализирани компании за големопродажба на текстилни и репроматеријали за конфекциско работење во земјата и регионот.
Денес, компанијата нуди ефикасна и доверлива услуга, широк избор на текстилни и помошни материјали како и нивна независна дистрибуција.
„Лојал Стил“ успешно работи на македонскиот пазар повеќе од 23 години и постојано ја проширува својата продажно-дистрибуциска мрежа кон соседните балкански држави, како и кон цела Европа. Имаме потреба од:
АДМИНИСТРАТОР/КА
Очекувани вештини и способности:
- Организирање и контрола на online продажба
- Пожелно е познавање на англиски јазик
- Компјутерски вештини(MS Office)
- Снаодливост со секојдневни предизвици и изнаоѓање на решенија за истите
- Професионален однос и деловна етика.
- Минимум завршено средно образование
Ние нудиме:
- Целосно или делумно работно време! (40-20 часа неделно)
- Работно време во една смена
- ПРИЈАТНА РАБОТНА АТМОСФЕРА
- ИСПЛАТА НА К15 И ГОДИШЕН ОДМОР
- МОЖНОСТИ ЗА БРЗО УНАПРЕДУВАЊЕ
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават преку Брзата Апликација.