Vrabotuvanje.com - Магационер - Скопје - АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
 
 
ARC автомобилската индустрија, АД е глобален лидер во дизајн, развој и производство на инфлатори за автомобилски воздушни перничиња. Со 70 годишно искуство  на дизајн, експертиза и технологија, ARC е посветена на обезбедување на клиентите со иновативни, високо квалитетни производи,

АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје бара да вработи:
 
Магационер
 

Магационерот ќе биде дел од тимот за логистика. Магационерот ќе работи дирекно под супервизорот на магацинот од кого ќе добива работни задачи и истите ќе треба да ги извршува согласно веќе воспоставени процедури за работа. Треба да води грижа за заштита на животната средина, безбедност и здравје при работа, како и да развива добри односи со вработените и да биде отворен за нови знаења.

Работата се извршува во три смени со обезбеден топол оброк во сите смени и организиран превоз од Скопје, Куманово, Велес и Свети Николе до просториите на компанијата.

Месечните примања се солидни и компетитивни на пазарот на труд и работата се извршува во пријатна атмосфера.

Квалификации на кандидатите:

  • завршено средно образование,
  • работно искуство од 1 година во областа на прием и испорака на роба
  • поседува одлични комуникациски вештини
  • да има искуство во управување со виљушкар

Работни задачи :

  • Прием на материјали и складирање на истите на магацинска локација.
  • Издавање на материјал во производство по претходно добиен налог.
  • Директно учество во утовар и растовар на материјали.
  • Подготовка на материјал за извоз.
  • Следење на ФИФО принцип.
  • Активности поврзани со попис на материјалите.
  • Одржување на хигиена во магацинот

Конкурентски предности

  • Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност
  • Способност за самостојна и тимска работа
  • Организациски способности
  • Динамичност, мотивираност, иницијативност
  • Флексибилност и адаптибилност

Кандидатите треба да ја приложат следнава документација:

  1. Мотивациско писмо за аплицирање на огласот;
  2. Биографија (CV);
  3. Доказ за завршено образование;
  4. Дополнителни дипломи и сертификати.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.

АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува сите соодветно квалификувани кандидати, без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување .

Документите треба да се достават до „ АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје со назнака за “Магационер” до Сектор за управување со човечки ресурси преку Брзата Апликација.

Со Вашето доставување на CV се согласувате Вашите податоци да бидат задржани во нашата база и истите можат да бидат обработувани во период од 12 месеци од денот на истекот на рокот за избор. Имате право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на вашите лични податоци согласно ЗЗЛП, со обaќање на email: jobs@arcautomoive.com.mk

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде