Оглас за работа: Техничар/ка за благородни соли/ Salts Technician
Локација: Скопје, Македонија
Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за автокатализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво. Џонсон Мети е компанија со долгогодишно искуство на светскиот пазар, со воспоставени системи за стандарди и квалитет.
Наградата за најдобар работодавач за 2023ра – во категорија странски компании во Република Северна Македонија, е големо признание за сите членови на тимот, кои Џонсон Мети го прават одлично место за работа и развој на таленти!
Нашата компанија има потреба од Техничар/ка за благородни соли/Salts Technician кои ќе се придружат на нашиот тим за производство на соли на благородни метали.
Главни одговорности
- Реализација на континуиран и безбеден процес на производство во содветната смена и употреба на соодветни реагенси и материјали, со цел навремено исполнување на зададените цели и задачи
- Техничка способност за совладување и изведување на сите процеси во одделот
- Грижа за достигнување на највисоко ниво на квалитет според барањата на сите купувачи и на останатите процеси во фабриката
- Непречена комуникација со сите останати одделенија со цел достигнување на највисоко ниво на ефективност и изведба односно спречување на загуби на ниво на целиот процес
- Контрола на материјали, суровини и остатоци во одделот според одредени временски рамки
- Активно учество во подготовка и достава на материјали и податоци при надворешни посети
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
- Идеално 2-3 години работно искуство во хемиско / металуршки производствен процес
- Универзитетска диплома во областа на технологија ќе се смета за предност, но не е неопходна
- Способност за работа во тим и вештини за работа со апаратура
- Развиена способност за одржување на високо ниво на прецизност и квалитет во работењето
- Познавање на Microsoft Office пакетот
- Познавање на македонски и англиски јазик
Позицијата подразбира сменска работа 24/7.
Како да аплицирате:
Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, ве молиме да аплицирате на следниот линк:
https://matthey.wd3.myworkdayjobs.com/Ext_Career_Site/job /Skopje---MK/Salts-Technician_R-010961
Краен рок за аплицирање: 16ти септември 2024
Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, брак или граѓанско партнерство, бременост и/или мајчинство, религија или убедување