Vrabotuvanje.com - Претставник за продажба и развој - Албански јазик - Цела Македонија - Office People Romania SRL
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Претставник за продажба и развој - Албански јазик

Цела Македонија

Рок за пријавување:

  • Office People Romania SRL

 

 

Оffice people Ltd e меѓународна компанија за регрутација која обезбедува HR услуги и решенија. Нашата мисија е едноставна: Ние ги поврзуваме луѓето и можностите.

Станува збор за голема, реномирана, интернационална компанија со развиен пазар низ целиот регион која има свој влез во Македонија

Локација: Македонија

 

ПРЕСТАВНИК ЗА ПРОДАЖБА и развој

Краток опис на работното место:

Како Претставник за продажба, ќе бидете одговорни за проширување на клиентска база и постигнување на целите на продажбата во Македонија. Вашите главни одговорности ќе вклучуваат: 

  • Идентификување и ангажирање на потенцијални клиенти, поттикнување на растот на продажбата и постигнување на целите на продажбата.
  • Следење на задоволството на клиентите.
  • Спроведување на обуки и промотивни активности на терен за зголемување на свеста за производите.
  • Анализа на податоците за продажба по клиенти и производи за идентификување на трендови и можности.
  • Развивање и спроведување на регионални планови за продажба за максимизирање на уделот на пазарот.
  • Следење и известување за активности на конкурентите и трендови на пазарот.
  • Извршување на други задачи по потреба од страна на работодавецот. 
 
Работни услови:
  • Работа на полно работно време базирана во Македонија со службени патувања
  • Флексибилно работно време со фокус на резултати.
  • Можност за работа во динамично и растечко опкружување. 

Потребни квалификации и способности:

  • Познавање на македонски и албански јазик
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност 
  • Искуство во продажба или сродна област
  • Силни вештини за продажба, одлични комуникациски способности и желба за учење 

Личен профил:

  • Мотивиран и насочен кон постигнување и надминување на целите на продажбата.
  • Силни организациски вештини со внимание на детали и способност за ефективно управување со повеќе задачи.
  • Способност за адаптирање на променливи услови на пазарот и потреби на клиентите. 

Што нуди компанијата?

  • Конкурентна основна плата со бонуси врз основа на перформанси.
  • Приватно здравствено осигурување.
  • 30 дена платен годишен одмор.
  • Службен автомобил
  • Можности за професионален развој преку обуки во земјата и странство.
  • Работа во интернационален тим.
  • Пријатно и поддржувачко работно опкружување

Како да аплицирате: 
  • Аплицирајте преку брза апликација
  • Аплицирајте со испраќање на вашето CV на irena.aleksova@office-people.rs
  • Аплицирајте со јавување на 078 311 791
Забелешка: Максимално ја почитуваме приватноста и доверливоста на нашите кандидати. Името на компанијата што вработува ќе им биде откриено на кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на селекција
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде