Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на
Асистент за контрола на квалитет во Сектор за квалитет
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за сумирање и анализа на податоците преку дневни, месечни и годишни извештаи, правилно земање и подготовка на примероци, хемиски и физичкомеханички анализи и нивно регистрирање, правилно работење со инструментите како и грижа за работните услови во лабораториите каде што се извршуваат анализите. Ги следи инструкциите, упатствата и процедурите за контрола на квалитетот, ракување со опремата, развивање и анализа на статистички податоци. Работното време се одвива во три смени. Основната нето плата за работното место изнесува од 32.000, додека платата се зголемува со додатоците за сменско работење и прекувремена работа. Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа. На ова работно место следуваат и други бенефиции, како бонус за успешно работење во висина од една плата.
- • CCC/IV степен стручна подготовка (хемиски, градежен техничар или гимназија)
- Без работно искуство (претходно работно искуство ќе се смета за предност)
- Познавање на MS Office пакетот
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо
2. Биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование
Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална определеност, религија или убедување.
Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ https://www.usje.mk во делот Кариера/Придружете ни се или на меил hr@usje.mk
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју