Vrabotuvanje.com - Соработник за финансиско известување - Скопје - AUTOMAKEDONIJA
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Соработник за финансиско известување

Скопје

Рок за пријавување:

  • AUTOMAKEDONIJA

Како резултат на стабилен и континуиран раст и желба за задоволување на потребите на купувачите,
Аутомакедонија Групација, компанија со најбогата, седумдесет и шест годишна традиција во автомобилизмот,
има потреба од енергични, иновативни и посветени кандидати кои би се придружиле кон нашиот тим

 

СОРАБОТНИК за ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ

(1 позиција)

Профил на кандидатот:

  • Висока стручна подготовка, со предност од областа на финансиите (финансиски менаџмент,сметководство и ревизија сл.),
  • Познавање МСС и МСФИ (меѓународни стандарди за финансиско известување);
  • Напредно познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Познавање деловен англиски јазик;
  • Најмалку 2 години работно искуство во областа на финансиите и/или сметководство, со предност како финансиски аналитичар;
  • Поседување на сертификат за овластен сметководител ќе се смета за предност
  • Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим
  • Посветеност, иницијативност, желба за учење и лична надоградба
  • Висок личен интегритет и деловна култура

Работни задачи:

  • Во соработка со менаџерот учествува во подготовка на месечните извештаи за финансиските резултати на компаниите во Групацијата и пресметка на финансиски показатели
  • Во соработка со менаџерот учествува во подготовка на годишната сметка и годишниот извештај надруштвото и на консолидирани финансиски извештаи
  • Изработка и анализа на паричен тек
  • Прегледува материјална и финансиска документација со изработка на работни документи, анализа и нивно усогласување
  • Анализа, контрола и евиденција на обврски и побарувања на друштвото,
  • Контролира буџет поврзан со оперативни трошоци и со основни средства
  • Ги следи и спроведува прописите од областа на финансиско-сметководственото работење

 

Аутомакедонија Групацијата нуди конкурентен финансиски надомест, атрактивен деловен пакет,
динамична работна средина, можности за обуки и кариерен развој. Изборот ќе се направи со јасни

критериуми по пат на тестирање и интервјуирање на кандидатите.

Ако сте заинтересирани и сте сигурни дека ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го

вашето резиме (Curriculum Vitae) и мотивационо писмо на следната емаил адреса:
automak@automakedonija.com.mk најдоцна до 12.09.2024 година.

  

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде