Vrabotuvanje.com - Инженер за готов бетон - Скопје - Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Инженер за готов бетон

Скопје

Рок за пријавување:

  • Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени,  насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата 

Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН

објавува оглас за вработување на
Инженер за готов бетон


Инженерот за готов бетон има клучна улога во обезбедување ефикасно и безбедно работење на нашата постројка за готов бетон. Инженерот за готов бетон ќе биде одговорен за надгледување на процесот на производство, оптимизирање на ефикасноста и спроведување иницијативи за континуирано подобрување за да се задоволат потребите на клиентите. Идеалниот кандидат треба да има искуство во градежништво или индустрија.

Клучни одговорности:

  • Управување и контрола на производствениот процес според интерните барања и барањата на клиентите.
  • Имплементација и спроведување на важечките стандарди за готов бетон.
  • Спроведување на процедурите за безбедност при работа.
  • Соработка со проект-менаџерите на градилиштата и со клиентите.
  • Одржување постојана комуникација со менаџерите на локацијата за да се обезбеди навремена и точна испорака на готов бетон.
  • Координирање на испораката на готов бетон до градилиштата.
  • Анализа на резултатите од производството на готов бетон и давање предлози за подобрување на квалитетот и оптимизација на рецептурите.
  • Постојано следење на квалитетот на произведениот бетон и соодветно известување.
  • Документација за испорака на готов бетон (испратници и фактури), како и усогласување на дневното производство.
  • Навремена набавка на суровини.
  • Следење на процесот на тестирање на суровините (агрегати).
  • Учество во нови проекти во соработка со секторот за продажба и Групацијата.
  • Креирање нови рецептури во Protem Lab и SAP системот
  • Поддршка на другите одделенија (лабораторија и продажба) преку извештаи.
  • Навремено одржување на опремата преку координација со погонот за одржување.

Вештини и квалификации:

  • Високо образование, Градежен или Технолошки факултет
  • Релевантно искуство во градежна индустрија или индустријата за градежни материјали ќе се смета за предност.
  • Познавањето на важечките стандарди за бетон и агрегати ќе се смета за предност.
  • Посветеност на безбедноста, животната средина, квалитетот и постојаното подобрување.
  • Познавање на дигитални вештини (MS Office и други алатки за вештачка интелигенција),
  • Напредно ниво на писмен и вербален англиски јазик
  • Познавање и работа во SAP системот ќе се смета за предност. 

Дополнителни карактеристики:

  • Подготвеност за учење и самоподобрување  
  • Одлични комуникациски и лидерски вештини
  • Способност за работа во динамична средина
  • Способност за одредување приоритети и да прави правилни проценки

Што нудиме:

  • Атрактивен пакет за наградување и бенефиции, вклучувајќи:
  • Месечна плата од 46.000 до 60.000 МКД во зависност од квалификациите на кандидатот
  • Стимулации и бонуси
  • Бенефиции за благосостојба: приватно здравствено осигурување, бесплатни спортски активности, бесплатен оброк, бесплатни правни и финансиски консултации
  • Максимален износ на регрес за годишен одмор
  • Родителски и семејни бенефиции o Можности за развој на кариера и обука
  • Позитивна работна средина. 


Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација: 
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV) на англиски јазик
3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на непределено.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши само на веб страницата 
на Цементарница УСЈЕ http://www.usje.mk.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде