Vrabotuvanje.com - Оператори на производство на варовник - Скопје - Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Оператори на производство на варовник

Скопје

Рок за пријавување:

  • Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН

 

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на

Оператори на производство на варовник

 

Операторите во коп за варовник ќе бидат задолжени за водење и контрола на целокупниот систем за производство на варовник за потребите на фабриката, фракции и тампони. Грижа за квалитетот на произведениот варовник како и за состојбата на производствената опремата. Во случај на дефекти на машината, да ги преземат сите неопходни активности за нивно отстранување, како и пријавување на сомнително или несоодветно работење на машината. Работното време се одвива во две смени. Основната нето плата за работното место изнесува од 33.000 денари.
 
Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа. На ова работно место следуваат и други бенефиции, како бонус за успешно работење.

Потребни квалификации: 
  • Средна стручна подготовка, IV степен
  • Претходно работно искуство од 1 година во областа ќе се смета за предност

Конкурентски предности:

  • Желба за работа во средина со високи барања
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Тимска работа и кооперативност
  • Решавање на проблеми 

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација: 
1. Мотивациско писмо

2. Куса биографија (CV) 
3. Доказ за завршено образование 

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална определеност, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ https://www.usje.mk во делот „Кариера/Придружете ни се“ или на mail hr@usje.mk или да достават CV во архива во просториите на Цементарница УСЈЕ.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде