Vrabotuvanje.com - Аналитичар за продажба за козметика - Скопје - ОРБИКО ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Аналитичар за продажба за козметика

Скопје

Рок за пријавување:

  • ОРБИКО ДОО

 

Орбико е водечки дистрибутер за голем број на квалитетни, глобално познати брендови кои се движат од производи за нега и убавина, прехрамбени и непрехрамбени производи, технички и електрични апарати, лекови, играчки, текстил, цигари, моторни масла и многу други производи. Богатиот и разновиден спектар на брендови и производи бара висок степен на флексибилност, отвореноста на постојани промени, флексибилна организација и инвестирање во развој на луѓето и во брендовите.

Орбико има потреба од огласување за подолу наведената работна позиција:
 


Аналитичар за продажба за Козметика

1 Извршител
(Реон: Скопје)

 

 

Работни должности:

  • Анализа на пазарот која овозможува следење на трендовите, подобрување на перформансот и резултатите на компанијата;
  • Обработка на податоци, структурирање и изработка на статистички извештаи за продажба;
  • Самостојно и навремено изработува дневни, неделни и месечни извештаи за текот на продажбата;
  • Изработува ad hoc анализи по барање на претпоставениот;
  • Oбезбедува аналитичка поддршка за продажбата врз основа на собрани внатрешни и надворешни податоци за пазарот;
  • Секојдневно прави анализа на соработката со клучните клиенти;
  • Одговорен е за анализа на имплементацијата на активности кај клучните клиенти;

Потребни квалификации:

  • Вид на образование:   ССС/ ВСС;
  • Пожелно е со работно искуство -1година;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Компјутерски вештини и способности;
  • Организациски вештини;
  • Способност за анализирање и изнаоѓање решенија;
  • Аналитичко размислување и изразување;
  • Способност добро да дефинира приоритети во секојдневната работа;
  • Вештини за самостојно и усогласено решавање на проблеми;
  • Возачка дозвола Б-категорија;

Работни услови:

  • Работа во компанија со стручен ипрофесионален тим;
  • Можност за професионално усовршување и напедување;
  • Јасни очекувања и цели;

Испратете Ваша професионална биографија (CV), најдоцна до 22.09.2024 година преку полето Брза Апликација.

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде