Магна е водечки добавувач во автомобилската индустрија кој создава технологија која решава големи проблеми за потрошувачите, клиентите и светот околу нас.
Како еден од врвните светски добавувачи во автомобилска индустрија, Магна е посветена на квалитетот и постојаното подобрување бидејќи нашите производи влијаат на милиони луѓе секој ден.
За дивизијата во Штип, Северна Македонија, сме во потрага по следната позиција:
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
ОДГОВОРНОСТИ:
- Монтирање на автомобилски делови (механички и електрични компоненти).
- Работа со рачни, полуавтоматски и автоматски алати и машини.
- Навремено поризводство на деловите со цел задоволување на барањата на клиентите.
- Навремено пријавувавње и ескалација на секој безбедносен ризик, проблем со квалитетот, грешка или застој до лидерот на тимот.
- Работење според внатрешните упатства за работа и следење на стандардизираниот начин на работа.
- Помош при промена на опремата и прилагодување на машината по потреба.
- Автономно одржување на опремата според стандардизираните работни инструкции.
- Спроведување на визуелни инспекции за квалитет со цел да се идентификуваат неисправните делови, документирање и/или ескалација каде што е потребно.
- Следење и документирање на сите потребни податоци.
- Поддршка на 5S активностите. Одржување чиста и уредна работна средина.
- Извршување на операциите на безбеден начин. Почитување на безбедносните правила и процедури на фабриката со редовно носење заштитна опрема и навремена пријава на сите безбедносни ризици.
- Осигурување дека сите производствени процеси се усогласени со тековните стандарди за квалитет и стандардот IATF-16949.
- Воспоставување и одржување ефективна комуникација со тимовите за ракување со материјали, одржување и инженеринг.
- Придонес за континуирано подобрување и активности за намалување на трошоците.
- Учество во програми за обука.
- Извршување на сите активности на професионален начин и позитивен став со акцент на личната одговорност.
КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:
- Пожелно е претходно искуство во автомобилска индустрија
- Високо организирана личност која е самомотивирана и може да работи самостојно поставувајќи приоритети без директен надзор
- Способност за работа во тим
- Мора да биде способен да работи со повеќе проекти истовремено и брзо да се прилагодува на променливите ситуации
Ве молиме кликнете тука за да го прочитате нашето Известување за приватност на кандидатите.
Со аплицирањето, потврдувате дека сте го прочитале и разбрале Известувањето за приватност на кандидатие.