Vrabotuvanje.com - Пожарникари - обезбедувачи - Скопје - МАКПЕТРОЛ АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Пожарникари - обезбедувачи

Скопје

Рок за пријавување:

  • МАКПЕТРОЛ АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 

За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци (со можност за продолжување) на работно место пожарникар – обезбедувач во Единица за заштита од пожари и приватно обезбедување во Полнилница Миладиновци (ТНГ) - Скопје во „Макпетрол“ А.Д. Скопје, и тоа:


Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно образование – техничка насока;
  • Со или без работно искуство;
  • Лиценца за физичко обезбедување;
  • Уверение за стручно оспособување за пожарникар;
  • Познавање од аспект на заштита од пожари, заштита и спасување;
  • Познавање од аспект на приватно (физичко) обезбедување.

Работното време за горенаведеното работно место, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до сабота.
Основната нето плата за горенаведеното работно место изнесува 28.500 денари.
Работата во смени, ноќната работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа, се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација со јасно наведено работно место за кое аплицираат;
Кратка биографија; 
Копија од диплома за завршено образование;
Копии од други уверенија, дипломи или сертификати;
Препорака од претходен работодавач;​
Уверение од кривична евиденција.

 
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 
лице за контакт: Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146-491
 
 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување. 
 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
 
 

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сигурност и заштита изнесува 22.035 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде