Vrabotuvanje.com - Теренски супервизор (м/ж) - Скопје - СОС ДЕТСКО СЕЛО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Теренски супервизор (м/ж)

Скопје

Рок за пријавување:

  • СОС ДЕТСКО СЕЛО

СОС Детско село е дел од големото семејство на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. СОС Детско село делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.

За реализирање на грижата и поддршката на младите, СОС Детско село Скопје објавува 1 (едно) слободно место за работна позиција:

ТЕРЕНСКИ СУПЕРВИЗОР

 

кој ја следи, координира и контролира работа на СОС Претставниците на терен и дава континуирана поддршка со цел зголемување на мрежата на индивидуални донатори и остварување на мисијата на СОС Детско село – Ниту едно дете не треба да расте само.

Области на работа и одговорности: 

  • Редовна, дневна посета и поддршка на СОС Претставниците на терен
  • Следи посетеност на постоечките локации со потенцијални донатори и предлага воведување на нови локации
  • Планира и подготвува планови/распоред за теренска работа, промени, замени и сл
  • Одговорен за превоз и логистичка поддршка на СОС Претставници кои работат во други градови низ земјата
  • Гради ефективен тим, позитивни интерперсонални односи и тимски дух
  • Развива и одржува добри односи со партнерите кои ни отстапуваат локации
  • Организира и спроведува неделни и месечни состаноци со СОС претставници
  • Подготвува неделни и месечни извештаи

 Потребни квалификации и дополнителни критериуми:

  • Завршено најмалку средно образование
  • Најмалку 2 години искуство на работна позиција Супервизор на продажба
  • Добро познавање на англиски јазик
  • Работа на компјутер
  • Возачка дозвола Б категорија (активен возач)
  • Организирана личност, ориентирана кон остварување резултати
  • Одлични комуникациски вештини
  • Оптимизам, упорност и спремност да обезбедува донации за хуманитарни цели

Работни услови:

  • Работа на терен
  • Флексибилно работно време (40 работни часа неделно)
  • Работа во смени од понеделник до сабота
  • Работа во и надвор од Скопје

Испрати ја твојата биографија со јасна назнака за позицијата преку полето Брза Апликација најдоцна до 20.09.2024 година.

Аплицирајте за да бидете витален дел од СОС Детските села и да помогнете во обликувањето на посветла иднина за младите!

 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Грижа (за деца, за постари лица...) изнесува 16.702 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде