СОС Детско село е дел од големото семејство на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. СОС Детско село делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.
За реализирање на грижата и поддршката на младите, СОС Детско село Скопје објавува 1 (едно) слободно место за работна позиција:
ТЕРЕНСКИ СУПЕРВИЗОР
кој ја следи, координира и контролира работа на СОС Претставниците на терен и дава континуирана поддршка со цел зголемување на мрежата на индивидуални донатори и остварување на мисијата на СОС Детско село – Ниту едно дете не треба да расте само.
Области на работа и одговорности:
- Редовна, дневна посета и поддршка на СОС Претставниците на терен
- Следи посетеност на постоечките локации со потенцијални донатори и предлага воведување на нови локации
- Планира и подготвува планови/распоред за теренска работа, промени, замени и сл
- Одговорен за превоз и логистичка поддршка на СОС Претставници кои работат во други градови низ земјата
- Гради ефективен тим, позитивни интерперсонални односи и тимски дух
- Развива и одржува добри односи со партнерите кои ни отстапуваат локации
- Организира и спроведува неделни и месечни состаноци со СОС претставници
- Подготвува неделни и месечни извештаи
Потребни квалификации и дополнителни критериуми:
- Завршено најмалку средно образование
- Најмалку 2 години искуство на работна позиција Супервизор на продажба
- Добро познавање на англиски јазик
- Работа на компјутер
- Возачка дозвола Б категорија (активен возач)
- Организирана личност, ориентирана кон остварување резултати
- Одлични комуникациски вештини
- Оптимизам, упорност и спремност да обезбедува донации за хуманитарни цели
Работни услови:
- Работа на терен
- Флексибилно работно време (40 работни часа неделно)
- Работа во смени од понеделник до сабота
- Работа во и надвор од Скопје
Испрати ја твојата биографија со јасна назнака за позицијата преку полето Брза Апликација најдоцна до 20.09.2024 година.
Аплицирајте за да бидете витален дел од СОС Детските села и да помогнете во обликувањето на посветла иднина за младите!