Vrabotuvanje.com - Општ работник - Скопје - ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Општ работник

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје
 

Финансиско друштво М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје е водечка небанкарска финансиска институција во Македонија, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити. Компанијата е дел од Management Financial Group (MFG), меѓународна групација која обезбедува финансиски услуги во повеќе земји како што се Бугарија, Хрватска, Шпанија, Украина, Романија, Полска, Чешка и Македонија.

ФД М КЕШ Македонија се истакнува со својот иновативен пристап и брза експанзија, како преку онлајн услугите, така и преку директната услуга во нашите Продавници за пари. Како резултат на посветената работа и одржување на позицијата на пазарот, компанијата продолжува да биде лидер во секторот на небанкарските финансиски услуги во Македонија.

Поради растечките потреби и амбиции за понатамошен развој, ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје има потреба од Општ работник

ОПШТ РАБОТНИК
 

Опис на работни задачи:

  • Планирање на сите оперативни материјали, печатени материјали, рекламни материјали, сувенири и сл.
  • Пакување и организирање на маркетинг материјали, бонус и лојална програма.
  • Контрола и одговорност за навремена испорака на материјалите.
  • Изготвување понуди за тендери во согласност со тендерската постапка или собирање најмалку три понуди по барање за изработка на артикли.
  • Организирање и контрола на процесот на снабдување и логистика на документи и рекламни материјали до Продавниците за пари.
  • Поддршка на Продавниците за пари во спроведувањето на рекламните активности.
  • Одржување контакти со добавувачите и рекламните агенции за договарање на условите за нарачки за материјали.

Потребни квалификации:

  • Минимум средна стручна спрема
  • Компјутерска писменост и вештини: MS Office, основно познавање на Excel задолжително.
  •  Познавање на англиски јазик.
  • Возачка дозвола.

Очекувани способности и вештини:

  • Комуникациски вештини.
  • Способност за работа повеќе задачи истовремено и менаџирање на сопственото време.
  • Посветеност.
  • Професионалност, одговорност и лојалност.
  • Самоиницијативност
  • Способност за работа во тим и самостојност во извршувањето на задачите.
  • Проактивен пристап

Ние нудиме:

  • Конкурентна плата.
  • Приватно здравствено осигурување.
  • Можности за професионален развој и обука.
  • Работа во динамично и позитивно работно опкружување
  • Ваучер за склучен брак
  • Ваучер за родено дете
  • Ваучер за прв училишен ден


Испратете го вашето CV и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Маркетинг, ПР и Медиуми изнесува 28.527 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде