Vrabotuvanje.com - Scrum Master - Скопје - Перун Технологии
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • Перун Технологии

ПЕРУН ТЕХНОЛОГИИ ја огласува следната позиција:

Scrum Master

Позиција: Scrum Master

Локација: Скопје, Аеродром

Тип на вработување: со полно работно време

Доколку имате познавање за Agile методологиите, со цел да го поттикнете успехот на проектот и да ја подобрите соработката во тимовите, бараме Scrum Master кој ќе се придружи на нашиот динамичен тим и ќе ни помогне да ги подигнеме нашите проекти на следното ниво.

КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ:

  • Помош при олеснување на церемониите на Scrum (дневни стенд-ап, планирање на спринт, ретроспективи)
  • Поддршка кон тимот за развој во управувањето со заостанатите обврски и приоритизацијата на истите
  • Грижа за тимот да се придржува до практиките и принципите на Agile
  • Помош при отстранување на пречките за напредокот на тимот
  • Негување на колаборативна и транспарентна работна средина

ОНА ШТО ГО БАРАМЕ:

  • Најмалку две години искуство во бараната област
  • Основно познавање на Agile и Scrum рамки
  • Одлични вештини за комуникација и решавање проблеми
  • Способност за управување со повеќе задачи и ефективно давање приоритети
  • Познавањето на алатките за управување со проекти (GitLab) е плус
  • Проактивност, организираност, систематичност и ориентираност кон остварување резулати
  • Одговорно следење на компаниските правила и процедури
  • Професионалност, одговорност и лојалност
  • Снаодливост и способност за самостојна и тимска работа
  • Организациски и комуникациски способности
  • Завршено соодветно додипломско образование (минимум 240 кредити)
  • Задолжително познавање на македонски јазик
  • Одлично познавање на англиски јазик

ШТО ЌЕ ДОБИЕТЕ:

  • Практично искуство во управување со проекти Agile
  • Менторство од искусни Scrum Masters и Project Managers
  • Можности за професионален раст и сертификација
  • Поддршка, иновативна работна средина
  • Одличен план  за кариерен развој
  • Конкуретна плата и бенефиции

ДОПОЛНИТЕЛНИ ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Работното време е 40 работни часови неделни, односно 5 работни дена по 8 часа (08:00-16:00).
  • Работењето се реализира исклучително со физичко присуство.
  • Апликацијата со биографијата за кандидатот на македонски или англиски јазик - да се испрати преку Брзата Апликација со SUBJECT: АПЛИКАЦИЈА ЗА SCRUM MASTER
  • Само кандидатите чии апликации ги исполнуваат горенаведените критериуми, ќе бидат контактирани.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде