City Build е продолжение на семејната традиција која се протега четири генерации наназад. Од манастирите и црквите во источниот дел на Македонија, преку изградбите на објекти во струмичкиот, гевгелискиот и валандовскиот регион до неколкугодишната работа и непроценливото искуство на градилиштата во Германија, вложениот труд на нашите семејни предци беше мотив за отворање на сопствена градежна компанија.
Нашиот тим брои 130 посветени работници, и зад нас оставивме над 55 комплетирани објекти во Македонија.
Задоволството на клиентот е наша најголема мотивација, па затоа, нашата репутација ја градиме со квалитет и посветеност во изградбата, истовремено нудејќи ги најиновативните решенија за сѐ што Вам Ви е потребно, од проектна документација и ентериерно обликување, до изведба на најсложените објекти во секторот високоградба.
Фирмата СИТИ БИЛД ДООЕЛ има потреба од:
Правник за Човечки Ресурси
- Подготовка на документи за добивање на работна дозвола:
- Барање за работна сила (профили на вработени, висина на плата)
- Поднесување на комплетна документација потребна за добивање на работна дозвола
- Советување и помош при влегување во процедурите за добивање работни дозволи
- Изготвување правни акти на ниво на организација (договори, следење и учествување на тендери, подготовка на документи, решенија, спогодби, одлуки и сл.)
- Пријавување и одјавување на вработените во биро за вработување, ПИОМ и социјално
- Архивирање на документација и податоци за вработени
- Извршување на административно-технички работи
- Завршен Правен факултет
- Стручност, посветеност и одговорност во извршувањето на работните обврски
- Способност за справување со повеќе задачи истовремено
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
- Комуникациски вештини и способност за работа во тим
- Познавање на Законот за градежништво ќе се смета за предност
Заинтересираните кандидати да достават биографија-CV и мотивационо писмо, преку полето Брза Апликација со напомена за која позиција аплицирате.
Кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови ќе бидат повикани на интервју.
контакт тел: 070/236-407