ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за работа за следната работна позиција со утврден профил на кадар:
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРИЈАВА НА ШТЕТИ И ИНФОРМАЦИИ
Опис на работните задачи и одговорности:
- Врши прием и евидентирање во софтверот на Друштвото на сите пријавени штети по сите видови на осигурување, како и прикачување на скенирана документација од пријава на штета во електронската архива на друштвото;
- Врши проверка на полиса по која е пријавена штета во електронскиот систем на друштвото;
- Доколку пријавата на штетата се врши лично од страна на клиентот му помага при пополнувањето на истата, без давање на сугестии во однос на фактичката состојба;
- Ги информира клиентите кои пријавуваат штета, во писмена форма преку соодветен образец за целокупната документација потребна за решавање на штетата;
- Оформува досие за секоја пријавена штета и истото го проследува за понатамошна обработка на вработените во Дирекцијата за ликвидација на штети и регреси;
- Лично или телефонски ги информира странките за евентуална потребна дополнителна документација
- Врши други работи по налог на претпоставените.
- Вработување на определено времетраење од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот за вработување;
- Полно работно време од 40 часа, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот;
- Конкурентна плата, во зависност од квалификацијата и искуството на кандидатот;
- Почетна плата 24.000 денари;
- Работа во динамична, развојна и пријатна средина;
- Можности за развивање и континуирано персонално усовршување;
- Работно место во седиштето на Друштвото во Скопје.
- Високо или средно образование - општа, економска или техничка насока;
- За предност ќе се смета работно искуство во друштво за осигурување;
- Солидно познавање на работа со компјутери и MS Office;
- Аналитичен пристап кон решавање на доделените задачи;
- Посветеност, претпазливост, одговорност;
- Комуникациски способности, способност за тимска работа.
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски јазик преку Брзата Апликација со назнака дека аплицирате за конкретното работно место, не подоцна од 20.09.2024 година. Вашите документи за аплицирање треба јасно да покажат зошто токму Вие одговарате за позицијата за која аплицирате.
Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и пропратните документи да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци(*).
Само кандидати кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани на интервју.