Vrabotuvanje.com - Стручен соработник за финансии - Скопје - Црвен Крст на Република Северна Македонија
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Стручен соработник за финансии

Скопје

Рок за пријавување:

  • Црвен Крст на Република Северна Македонија

 

ГО ПРОШИРУВАМЕ НАШИОТ ТИМ!

Доколку сте професионална, добро организирана и мотивирана личност и сакате да работите во пријатна атмосфера со можност за напредок во кариерата, продолжете да читате. 

Искористете ги можностите кои Ви ги нудиме и станете дел од нашиот успешен тим. 

Црвен крст на Република Северна Македонија е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи, го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.

Централната канцеларија на Црвен крст на Република Северна Македонија, објавува оглас за работно место:

Стручен соработник за финансии

Локација: Црвен крст на Република Северна Македонија 
Адреса: Бул. Кочо Рацин бр.13, Скопје 

Потребни квалификации:

  • Образование: Завршено високо образование (VII/1) во соодветната област – економија, финансии, сметководство и ревизија
  • Работно искуство: Минимум 2 години на иста или слична работна позиција. Пожелно е искуство со раководење финансии и администрација на долгорочни проекти финансирани од странски донатори
  • Дигитални вештини: Познавање на работа со MS Office пакет (Word, Excel, Powerpoint), интернет, мејл апликации, комуникациски платформи: Microsoft Teams, Zoom. Предност ќе имаат кандидатите кои познаваат работа во Pantheon
  • Јазици: Познавање на англиски јазик (говорен и пишан)

Способности и вештини:

  • Комуникативна и позитивна личност
  • Високо развиени рганизациски и аналитички способности
  • Способност за работа под притисок и куси временски рокови
  • Критичко размислување
  • Тимска работа
  • Мотивираност и лојалност кон организацијата и нејзините цели 
  • Иновативност и креативност
  • Желба за учење
  • Чувство за мултикултурализам и недискриминација

Работни должности:

  • Водење на финансиското книговодство и сите работи од областа на материјалното и финансиското работење
  • Контирање и книжење за севкупните финансиски промени
  • Помагање при извршување на задачи од областа на материјално-финансиското работење
  • Подигање на готови пари за намирување на: платни налози, готовински сметки, ситни набавки на потрошени материјали и горива за службените возила
  • Комплетирање на финансиските документи и ликвидатура на истите
  • Подготовка на излезни фактури
  • Водење евиденција на влезни и излезни фактури
  • Усогласување на евиденцијата во магацините и материјалното книговодство
  • Водење на касов извештај и регистрирање на сите финансиски промени
  • Подготпвка на патни сметки за службени патувања
  • Подготовка на налози и вирмани за исплата на придонеси и други законски давачки
  • Изготвување платни списоци и вршење пресметка на плати на вработените во Стручната служба
 

Дополнителни информации:

 
Работното време за оваа позиција е 40 часа неделно, од понеделник до петок. Работните активности се извршуваат во просториите на Црвениот крст на РСМ.
 
Заинтересираните кандидати можат да испратат кратка биографија на следниве емаил адреси: mrc@redcross.org.mk или asistent@redcross.org.mk.
 
Рокот за пријавување е 24.09.2024 година.
 
Ве очекуваме. 
 
Со добиените податоци ќе се постапува согласно Законот за заштита на лични податоци.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде