Vrabotuvanje.com - Магационерски работник - Скопје - МЕЛМАКС БМ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Магационерски работник

Скопје

Рок за пријавување:

  • МЕЛМАКС БМ

Компанијата МЕЛМАКС БМ се занимава со дистрибуција и продажба на материјали за градежништво од земјата и од странство. МЕЛМАКС БМ е основана 1993 година и со своето професионарално работење успева да ја заземе водечката позиција во оваа дејност. Компанијата е лоцирана на две локации дирекција Порта Влае и склад во Визбегово што претставува и диструбутивен центар за испорака на материјали за нашите купувачи.

МЕЛМАКС БМ има потреба од

МАГАЦИОНЕРСКИ РАБОТНИЦИ

МЕЛМАКС БМ има потреба од магационерски работници (локација – индустриска зона Визбегово) кои ќе ги исполнуваат следниве критериуми:
 

Потребни квалификации

  • Минимум средно образование,
  • Основно познавање на работа со компјутер,
  • Пожелно работно искуство со управување на машини за утовар – истовар.

Одговорности

  • Водење евиденција при прием на материјали (контрола на квалитет и квантитет на испораката),
  • Подготвување на материјали по претходно добиени налози која се товари за дистрибуција,
  • Редење и складирање на материјалите на палети во магацинот со виљушкар,
  • Активности поврзани со попис на материјалите,
  • Одржување на хигиена во магацинот.

Вештини

  • Лојалност и чесност
  • Организираност и одговорност
  • Исполнителност и професионалност
  • Самоиницијативност и уредност
  • Способност за работа во тим      

Компанијата нуди обука на одбраните кандидати, редовни месечни примања, одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим и можност за напредување.

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно ги поседувате горенаведените критериуми ве молиме испратете ја вашата кратка биографија (CV) на нашата e-mail адреса со предмет (subject) Магационерски работник.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде