Vrabotuvanje.com - Овластен сметководител - Скопје - МЕЛМАКС БМ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Овластен сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • МЕЛМАКС БМ

Компанијата МЕЛМАКС БМ се занимава со дистрибуција и продажба на материјали за градежништво од земјата и од странство. МЕЛМАКС БМ е основана 1993 година и со своето професионарално работење успева да ја заземе водечката позиција во оваа дејност. Компанијата е лоцирана на две локации дирекција Порта Влае и склад во Визбегово што претставува и диструбутивен центар за испорака на материјали за нашите купувачи.

МЕЛМАКС БМ има потреба од

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

МЕЛМАКС БМ има потреба од овластен сметководител (локација: Порта Влае – Скопје) кој ќе ги исполнува следниве критериуми:
 

Потребни квалификации

  • Завршено високо образование од областа на економски науки,
  • Напредни компјутерски вештини и познавање на MS Office пакетот,
  • Познавање на англиски јазик и регионални јазици (вербална и писмена комуникација),
  • Задолжително претходно работно искуство со изготвување годишна завршна сметка за средни субјекти и даночни пријави,
  • Задолжително поседување лиценца за овластен сметководител,

Работни обврски

  • Познавање на материјално и финансово работење,
  • Прием, контрола и книжење на калкулации по влезни фактури од добавувачи,
  • Изготвување излезни фактури кон коминтенти,
  • Книжење изводи, трошоци, книжни одобренија и задолженија,
  • Усогласување на отворени ставки со добавувачи и купувачи од земјата и странство (ИОС обрасци),
  • Комуникација со добавувачи и клиенти,
  • Учество во изготвување договори со коминтенти,
  • Асистирање во припрема на различна документација и координација на работата при разни ревизорски или инспекциски контроли,
  • Изработка, поднесување и потпишување на завршни годишни сметки во согласност со законските прописи,
  • Контрола за навремено и точно водење на благајна,
  • Пресметка / изработка на пријави за ДДВ и подготовка на Е-ПДД во УЈП,
  • Пресметка на плати,
  • Пресметка на амортизација на основните средства,
  • Подготовка на сметководствени и финансиски извештаи.

Способности

  • Лојалност и чесност,
  • Организираност и одговорност,
  • Исполнителност и професионалност,
  • Прецизност и темелност,
  • Самоиницијативност и уредност,
  • Флексибилност за индивидуално и тимско работење.

Компанијата нуди обука на одбраните кандидати, редовни месечни примања, одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим и можност за напредување.

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно ги поседувате горенаведените критериуми ве молиме испратете ја вашата кратка биографија (CV) на нашата e-mail адреса со предмет (subject) Овластен сметководител.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде