Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Gulf Oil
Поради понатамошен развој и зголемен обем на работата во Компанијата, објавуваме оглас за:
ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ
Главни одговорности:
Комуникација со клиенти во врска со наплата;
Точно и навремено евидентирање на уплати и исплати од клиенти;
Обработка и водење на евиденција за документацијата во доменот на работни задачи;
Комуникација со банки во врска со банкарски налози за уплата и исплата и останати административни постапки на дневно ниво;
Комуникација со приватни фирми и државни институции поврзани со тековното работење и следење на рокови;
Подготовка на извештаи за потребите на Друштвото;
Останати непрецизирани обврски од финансиското работење.
Потребно искуство и вештини:
Високо образование – Економски факултет или сродни науки (не е предуслов);
Најмалку 3 години претходно искуство од областа на финансиите;
Одлично познавање и активно работење со Microsoft Office пакетот (Word, Excel, Power point);
Одлично познавање и aктивно користење на деловен англиски јазик (говорен и пишан);
Организиран и фокусиран кон детали
Личен профил:
Одговорна и организирана личност;
Способност за извршување на повеќе работи истовремено;
Лојалност и професионалност кон работата;
Иницијативност, посветеност и амбициозност;
Колегијалност и работа во тим.
* Доколку сакате да бидете дел од нашата компанија, Ве молиме испратете ни го Вашето CV со назнака Финансиски асистент на нашата е-маил адреса vrabotuvanje_skopje@yahoo.com или користејќи го полето за брза апликација.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!