Vrabotuvanje.com - Програмер C ++ - Скопје - МАКЕДОНИЈАЛЕК ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Скопје

Рок за пријавување:

  • МАКЕДОНИЈАЛЕК ДОО Скопје

МАКЕДОНИЈАЛЕК е првата веледрогерија во Македонија, со повеќе од 40-годишна традиција и врвни достигнувања во фармацевтската дејност. Преку иновативен и современ начин на работа придонесуваме во пронаоѓање решенија за предизвиците на нашето време.

Со децениска посветеност и континуиран напредок во   работењето, Македонијалек прерасна во организирана компанија, лидер во дејноста.

Постојаниот развој на компанијата ја наметнува потребата за засилување и проширување на тимoт во ИТ сектор,и во таа насока  имаме потреба од вработување на:

 
ПРОГРАМЕР C ++
 

Потребни квалификации:

  • Солидни технички познавања на C++, Qt ќе се смета за предност
  • Основни познавања од областа на бази на податоци, PostgreSQL ќе се смета за предност
  • Пожелно претходно работно искуство

Опис на работно место:

  • Организирана работа во тим и самостојно
  • Комуникација со клиенти
  • Професионален пристап кон задачите и навремено извршување на истите

Потребен е профил на личност која знае да размислува проактивно, сака да стекнува нови вештини и знаења и преку самостојна и тимска работа да го даде својот придонес во насока на постигнување на целите на компанијата.
Се нуди можност за одлични услови за работа и професионална надоградба.

Сите заинтересирани кандидати   своето CV може да го достават преку Брзата Апликација.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде