Vrabotuvanje.com - Продажен претставник за рент а кар - Скопје - AUTOMAKEDONIJA
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Продажен претставник за рент а кар

Скопје

Рок за пријавување:

  • AUTOMAKEDONIJA


Како резултат на стабилен и континуиран раст и желба за задоволување на потребите на купувачите, Аутомакедонија Групација, компанија со најбогата, седумдесет и шест годишна традиција во автомобилизмот, има потреба од енергични, иновативни и деловно ориентирани раководители, со инспиративно лидерство, подготвени да го креираат развојот и имплеменатацијата на важни оперативни задачи и процедури, на позицијата

 

АУТО 1 РЕНТ (рент а кар) 
ПРОДАЖЕН ПРЕТСТАВНИК за РЕНТ А КАР (2 позиции)

Профил на кандидатот:

  • Завршено средно образование или некои од факултетите од доменот на природни или општествени науки
  • Не е потребно претходно искуство
  • Добро познавање на Microsoft Office (Excel, Word, Power Point)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на дополнителен странски јазик ќе се смета за предност
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Посветеност, иницијативност, желба за учење и лична надоградба
  • Висок личен интегритет и деловна култура

Работни задачи:

  • Комуникација со клиенти, издавање и прием на возила, обезбедување на врвно ниво на услуга и искуство на купувачите best car- buying experience;
  • Примање на резервации од клиенти, презентирање на понудите, предложување на најсоодветно решение и наплата на услуга на клиенти;
  • Изготвување на договори за изнајмување на возилата и одговорност за нивна целосност и точност;
  • Пост продажна услуга на клиентите, анализа и креирање предлози за проширување и опфат на нови потенцијални клиенти со услугата Рент а кар

Работното место е во близина на локација Аеродром Александар Велики Петровец, Скопје, Македонија

Аутомакедонија Групацијата нуди конкурентен финансиски надомест, атрактивен деловен пакет, динамична работна средина, можности за обуки и кариерен развој. Изборот ќе се направи со јасни критериуми по пат на тестирање и интервјуирање на кандидатите.

Ако сте заинтересирани и сте сигурни дека ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го вашето резиме (Curriculum Vitae) и мотивационо писмо преку Брзата Апликација најдоцна до 19.09.2024 година.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде