Vrabotuvanje.com - Правник - Скопје - ПАКОМ КОМПАНИ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • ПАКОМ КОМПАНИ ДООЕЛ

 

Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.

Правник

Опис на работата:

  • Изработка и контрола на сите видови договори со домашни и странски партнери и добавувачи
  • Навремено и континуирано следење на сите релевантни прописи, преземање одговорност и проактивно давање упатства и совети за нивна примена
  • Претставување на компанијата пред судовите и државните органи
  • Соработка со инспекциски или државни органи, во случаи на контрола или измена на законите кои се однесуваат на деловното работење
  • Изработка на предлози за поединечни и општи акти (одлуки, решенија, правилници, протоколи)
  • Изработка на Договор за работа и целата останата работно-правна документација за вработените
  • Давanje правни толкувања и правни мислења

Од кандидатот очекуваме:

  • Дипломиран правник со положен праводусен испит
  • Долгогодишно искуство во областа на корпоративното/трговското право
  • Работа на компјутер и напредна употрева на ICT технологии и алатки
  • Напредно познавање и употреба на англискиот језик, како и српски или хрватски јазик за потребитне на групациска комуникација
  • Упорност, флексибилност, истрајност и совесност во работењето
  • Високо ниво на одговорност и концентрација
  • Адаптибилност и можност за работа во тим

Што добивате: 

  • Конкурентна плата
  • Приватно здравствено осигурување по истек на пробен период
  • Исплата на годишен регрес
  • Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa
  • Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата
  • Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне
  • Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини

Краен рок за аплицирање: 02.10.2024 година.

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде