Дон Холдинг ДООЕЛ своите почетоци ги основа во 2012 година и набрзо прераснува во една од водечките компании во Македонија во полето на градежништво, индустриска технологија, јавни набавки, транспортот, логистиката, Е-трговија и трговија на големо со црна и обоена металургија
Нашата главна цел е градење на квалитетни и доверливи односи со клиентите, нудејќи навремено и прецизно извршување на услугите и комплетна посветеност кон она што го работиме со целокупниот стручен тим!
Поради зголемен обем на работа Дон Холдинг ДООЕЛ има потреба од:
Градежен техничар
Одговорности:
- Водење и организација на работници
- Целосно планирање,следење и организација на процесите при санација и одржување на објекти
- Комуникација и преговарање со комитенти
Потребни квалификации:
- Минимум CCC/ВСС
- Работно искуство и одлично познавање во дел на завршни работи во градежништвото(санација на објекти)
- Одговорна личност со организациски способности и искуство во водење на тим
- Возачка дозвола Б категорија
- Плата од 36.000 до 50.000 денари во зависност од искуството, работа во една смена.