Vrabotuvanje.com - Асистент за продажба - Скопје - КАРЕС ГРУП ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистент за продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • КАРЕС ГРУП ДООЕЛ Скопје

КАРЕС е компанија од Скопје со специјализирни продавници каде урбаниот човек, во потрага по софистицирана естетика и функционалност, ќе најде сè за себе и сè за својот домот. Компанијата се стреми комплетно да ги задоволи потребите на клиентите/купувачи, почнувајќи од производи кои постојано ќе ги носат со себе, преку производи кои ќе го разубавуваат просторот каде што ќе бидат поставени, па сè до производи со кои домот ќе стане удобно, убаво и функционално место.

 

Kares Group објавува конкурс за новo работнo местo со полно работно време на позициja:

АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА - ЦЕнтар

Задачи и обврски:

  • Директна продажба на производи во објект на модерна мултибренд продавница
  • Професионална и проактивна комуникација со купувачи преку која се асистира во изборот на производот кој се купува
  • Високо ниво на услужност, достапност и максимална подготвеност со одговор кон барањата и потребите на купувачите
  • Вешто изложување на производите според стандарди за постигнување ефектен визуелен впечаток кај купувачите
  • Управување на процесот на продажба преку дневно следење на состојбата на залиха и известување за рационално дополнување
  • Прием и попис на производи
  • Проследување на производи кон е‐продавница
  • Одговорно спроведување на процесот наплата и водење на фискална каса
  • Активна соработка со сите деловни единици на KARES GROUP, на дневно ниво

Квалификации и вештини:

  • Минимум средна стручна спрема ССС
  • Солидно познавање на работа со компјутер
  • Мин. 1 годишно искуство во продажба
  • Комуникациски вештини - продажно ориентирани
  • Почитување и спроведување на деловниот систем и процедури дефинирани од колективот

Генерални услови:

  • Полно работно време ‐ 40 часа неделно
  • Работно време на продавницата: понеделник до петок 09:30ч - 20:00ч ;
    сабота од 10:00ч - 16:00ч

Се охрабруваат да конкурираат сите возрасти и полови.

Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим, испратете ги Вашите пријави преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде