Процесен инженер (3 извршители)
Потребни квалификации:
- Високо техничко образование
- Искуство со проектен менаџмент
- Претходно работно искуство во производство (процесен инженер, контрола на производство, тестирање на опрема, управување со квалитет)
- Основи на програмирање
- Познавања од областа на поврзување на производствена опрема со бизнис апликации
- Познавање на методи за оптимизација на процес на производство
- Афинитет кон ИТ и производствени процеси
- Одлично познавање на англиски јазик и MS Windows (MS Excel, MS Word, MS Power Point)
- Одлични организациски и комуникациски способности
- Аналитички способности и способности за решавање на проблеми
- Насоченост кон примена на принципите на штедливо производство (Lean Manufacturing)
- Претходно работно искуство во процесно инженерство ќе се смета за предност
Работни задачи:
- Управување и контрола на технолошкиот процес во производствен погон
- Соработка со инжењерите и техничкиот персонал
- Обезбедување и придржување кон стандардите за квалитет на производството
- Истражување на проблемите во производството
- Врши секојдневен надзор над работата на производствениот процес
- Врши дневна анализа на резултатите од анализите според инсталираниот електронски систем;
- Врши тестирање и имплементација на нови методи и производи во производство и изработка на соодветна документација;
- Организирање на start up на нови производни линии и процеси
Сите заинтересиран кандидати своите професионални биографии може да ги доставите преку полето Брза Апликација