Vrabotuvanje.com - Магационер - Скопје - ГОЛДЕН АРТ ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГОЛДЕН АРТ ДОО

Golden Art е продолжение на семејната традиција која се протега четири генерации наназад. Од манастирите и црквите во источниот дел на Македонија, преку изградбите на објекти во струмичкиот, гевгелискиот и валандовскиот регион до неколкугодишната работа и непроценливото искуство на градилиштата во Германија, вложениот труд на нашите семејни предци беше мотив за отворање на сопствена градежна компанија. Приказната на Golden Art започна во 2005 година. По многу предизвици и меѓународно искуство, зад нас оставаме над 55 комплетирани референтни објекти во Македонија и Црна Гора, а нашиот тим веќе брои повеќе од 150 посветени вработени кои ја спојуваат својата вештина со најквалитетните материјали на пазарот – по светски стандарди.

Задоволството на клиентот е наша најголема мотивација, па затоа, нашата репутација ја градиме со квалитет и посветеност во изградбата, истовремено нудејќи ги најиновативните решенија за сѐ што Вам Ви е потребно, од проектна документација и ентериерно обликување, до изведба на најсложените објекти во секторот високоградба.

16 години работиме со љубов и максимална посветеност. 16 години ги градиме Вашите домови од соништата.

МАГАЦИОНЕР

 
 
Кратка Содржина:Голден Арт  има потреба од вработување на лице за позицијата МАГАЦИОНЕР во магацинот за суровини градежни материјали.
 
 
ОПИС НА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА:
  • Прием, Спремање и складирање на роба
  • Водење на евиденција во програма за материјално магацинско работење (во програма CFMA ќе се смета за предност )
  • Утовар и растовар на суровини и амбалажа
  • Рaбoта според законски прописи, обуки, работни инструкции и упатства, процедури воспоставени во компанијата

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност
  • Завршено минимум ССС образование
  • Искуство во истата област ќе се смета за предност
  • Очекувани вештини
  • Одговорност, организираност и професионалост
  • Подготвеност за индивидуална и тимска работа во динамична атмосфера
 
 

Заинтересираните кандидати да достават биографија-CV и мотивационо писмо, потврда за завршено образование и овластувања преку полето Брза Апликација.

Кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови ќе бидат повикани на интервју.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде