Vrabotuvanje.com - Техничар за поддршка на ИТ системи - Скопје - АВИЦЕНА Дијагностика
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Техничар за поддршка на ИТ системи

Скопје

Рок за пријавување:

  • АВИЦЕНА Дијагностика

Сакате да станете дел од Авицена?

АВИЦЕНА ДOO, водечка компанија во дејноста на промоција и продажба на висококвалитетни дијагностички тестови, реагенси, опрема и лабораториски потрошен материјал од сите области на клиничката лабораториска медицина

Oбјавува оглас за позицијата:

ТЕХНИЧАР ЗА ПОДДРШКА НА ИТ СИСТЕМИ
(1 извршител)

 Услови што се бараат за вршење на работата:

  • ССС (насока електротехника ќе се смета за предност)
  • Познавање на ИТ опрема (базично познавање на компјутерски мрежи ќе се смета за предност)
  • Познавање на сигурност на информативни системи
  • Познавање на систем мониторинг, процес на решавање на инциденти и проблеми
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б - категорија
  • Со или без работно искуство

Потребни вештини:

  • Добри комуникациски, аналитички и организациски способности
  • Уредност во работа со целокупната документација
  • Прецизност и лична одговорност во работењето
  • Координација и фокус на детали
  • Следење на иструкции и процедури за работа
  • Самоиницијативност и динамичност

 НАПОМЕНА:

АВИЦЕНА ДОО Скопје сите апликации за вработување ќе ги третира како строго доверливи. Согласно Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на регрутација и селекција на кадри во компанијата, кое гарантира дека освен за наведената цел Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел, ниту пак достапни на трети лица и воедно напоменуваме дека сите апликации ќе бидат чувани 12 месеци, сметано од денот на нивниот прием, освен во случај кога апликанотот писмено ќе побара истите да бидат избришани пред истек на утврдениот рок.

 Краток опис на работните обврски:

  • Набавка, инсталација и одржување на ИТ опрема
  • Учество во решавање на тековни проблеми со ИТ опрема и софтвер
  • Водење на техничка документација врз основа на барањата за техничка помош
  • Останата поддршка во работењето на компанијата

Работно време- од понедленик до петок од 08:00- 16:00 часот. Работната недела трае 5 (пет) работни дена.

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: kariera@avicena.com.mk со назнака За оглас за техничар за поддршка на ИТ системи или на ул. ,,1551” бр. 5Б, Индустриска зона Визбегово, Скопје, во рок од 10 (десет) дена од денот на објавување на овој оглас, односно најдоцна до 23.09.2024 година.

Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од :

  • доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 45 дена,
  • од 201 до 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 90 дена и
  • над 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.

 

 
 
 
Kärcher
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде