Vrabotuvanje.com - Финансиски аналитичар - Скопје - Жито Лукс АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Финансиски аналитичар

Скопје

Рок за пријавување:

  • Жито Лукс АД Скопје

 

ЖИТО ЛУКС АД Скопје, водечка Компанија од областа на прозводство на леб, брашно и пекарски производи, поради проширување на својот тим во Сектор Финансии, има потреба од:
 
ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАР
      

Работни задачи:

  • Го планира и следи движењето на паричните текови (дневно, неделно, месечно, квартално итн.), ги идентификува и оценува разликите;
  • Го следи целото кредитно портфолио и поврзаното известување, поддршка во формулирањето на стратегијата за заем, предлага начини за намалување на финансиските трошоци;
  • Ги извршува работните задачи поврзани со осигурување;
  • Соработува со контролорот и секторот за продажба за прецизно предвидување на времето и износот на идните парични текови;
  • Известува до Македонска берза за хартии од вредност и периодично доставува финансиски извештаи до Државниот завод за статистика, Народната банка и други институции пропишани со закон;
  • Учествува и помага во подготовката на месечните финансиски извештаи: Биланс на успех, Биланс на состојба и други поврзани анализи со овие извештаи;
  • Учествува и помага во собирање и обезбедување на потребните податоци за годишниот и полугодишниот буџет и за потребите на надворешната ревизија;
  • Врши други работи и работни задачи по налог на претпоставениот;

Потребни квалификации:

  • ВСС- Економски Факултет
  • Познавање на Англиски јазик
  • Познавање на Microsoft Office ( напредно ниво Excel)
  • Со работно искуство во областа

Кандидатите треба да испратат кратка биографија (CV)  не подоцна од 12ти Октомври 2024година, на следната адреса ЖИТО ЛУКС АД Скопје, бул. Македонско Косовска Бригада бр. 44, Скопје или електронски преку Брзата Апликација. Само најтесниот избор на кандидати ќе биде контактиран. Сите апликации ќе бидат третирани со доверливост.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде