Vrabotuvanje.com - Продавач во малопродажен објект - Скопје - TEXTILE HOUSE D.O.O
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Продавач во малопродажен објект

Скопје

Рок за пријавување:

  • TEXTILE HOUSE D.O.O

Textile House д.о.о. од Белград е основана во 2013 година со цел да отвори ланец на продавници за малопродажба на половна облека. Компанијата во Србија е дел од корпорацијата Textile House for Euro Trade s.r.o. со седиште во Сенец, Словачка, која работи преку синџир продавници за втора рака (повеќе од 150 продавници) во осум земји: Словачка, Чешка, Полска, Романија, Словенија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина.

Нашиот асортиман ги вклучува сите видови облека за жени, мажи и деца како панталони, здолништа, маици, кошули, тренерки, јакни, палта, јакни, џемпери, фустани, како и широк асортиман на домашни текстили. Во целиот асортиман на клиентите можеме да им понудиме и артикли од високо позиционирани брендови како што се: Armani, Lacoste, Nautica, Gant, Ralph Lauren, Furla, Navigare, Missoni, Sisley, Diesel, G-Star, Desigual...

Речиси ист асортиман е застапен во сите продавници, а со редовни испораки се трудиме на нашите клиенти да им обезбедиме добра понуда во поглед на нови артикли.

Textile House д.o.o. се смета за доверлив партнер за што сведочи нашиот постојан напредок и проширување на пазарот. 

За да ја зајакнеме и прошириме нашата позиција во Македонија, бараме кандидати за две работни позциии кои ќе ни помогнат да се развиваме: 
 

ПРОДАВАЧ ВО МАЛОПРОДАЖЕН ОБЈЕКТ


Опис:
  • Продажба на стоки во продавница на мало
  • Работење во фискален регистар
  • Одржување на уредност на работниот простор
  • Прием и изложување на стоки

Потребни квалификации:
  • Минимум средно стручно образование
  • Искуство во продажба

Профил на кандидатот:
  • Силни продажни вештини
  • Одлични комуникациски вештини
  • Љубезност, педантност и ефикасност во работата
  • Подготвеност за работа во смени

Ви нудиме:
  • Можност за напредување
  • Обука и развој
  • Конкурентни услови, бонус и регрес за годишен одмор, определено работно време, договор на определено време
  • Плата 24,000 ден + 4000 ден бонус 


Доколку сте заинтересирани, испратете го вашето CV со назначување за која позиција аплицирате преку полето Брзата Апликација.

www.textilehouse.rs

 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде