„Мебел Ацевски“ е македонска фирма, со визија да го подобри квалитетот на просториите за живеење, канцелариските и јавни простории. Секој производ е резултат на долг процес на проектирање, со цел да се одберат најдобрите материјали и начини на изработка, за клиентите да добијат финален продукт со врвен квалитет според светски стандарди.
Фирмата „Мебел Ацевски“ има потреба од:
СТОЛАР и ОПШТИ РАБОТНИЦИ (М/Ж)
Посакувани способности и вештини:
- Со и без работно искуство во изработување на мебел и врати(од плочести материјали и/или масивно дрво).
- Познавање на машини за производство на мебел;
- Мотивирана и стабилна личност;
- Лојалност, темелност, енергичност;
- Способност за градење добар однос со клиенти;
- Развиени комуникациски способности;
- Професионалност однос кон работата.
Ние Ви нудиме:
- Пријатно работно окружување;
- Редовни месечни примања;
Доколку сте заинтересирани Ве покануваме да ни доставите Ваша кратка биографија преку полето "Брза Апликација" или јавете се на 076 422 580!