Vrabotuvanje.com - Дипломиран фармацевт - стручен соработник - Скопје - MEDIKUS
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дипломиран фармацевт - стручен соработник

Скопје

Рок за пријавување:

 

дипломиран фармацевт - СТРУЧЕН СОРАБОТНИК

 

Ве покануваме да работите за најголемиот светски бренд, ЕСИ – додатоци во исхраната. ЕСИ е златен стандард за хербални производи кај нас и во светот. Во Македонија е присутен од 2003 година и е етаблиран како БРЕНД БРОЈ 1 за додатоци во исхраната. Наши најпродавани производи се ДРИМО, ГИНКГОМАКС, НО ДОЛ, ПРОПОЛГОЛА спреј како дел од една широка, богата и исклучително квалитетна палета на производи.

МЕДИКУС дооел Скопје е ексклузивен увозник на италијанската компанија ЕСИ с.р.л. од Италија. Вработуваме три (3) Стручни соработници (м/ж) – дипломирани фармацевти, со или без искуство.

Кандидатите треба да ги имаат следните квалификации:

  • Универзитетска диплома VII степен (фармација, стоматологија, медицина)
  • Валидна возачка дозвола (Б-категорија) и возачко искуство
  • Познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите
  • Комуникациски и презентациски вештини
  • Познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски

Целта е промовирање на производите на ЕСИ срл од Италија, производител на додатоци во исхраната – хербални производи, корисни за добросотојба на здравјето.

Одговорности:

  • Спроведување на предвидените маркетинг активности со посета на лекари и фармацевти со цел промоција, презентација и продажба на производите од ЕСИ
  • Градење на добри релации со клиентите и презентирање на компанијата ЕСИ и нејзините производи
  • Поднесување на писмени извештаи за извршените посети
  • Остварување на предвидениот план за продажба

Се работи на територија на цела Македонија.
Локацијата на седиштето е во Ѓорче Петров.

Компанијата ќе ви овозможи:

  • Привлечна почетна плата и брзо напредување
  • Обука под надзор на ментор
  • Редовна исплата на К-15
  • Службено возило за потребите на работата
  • Спонзорство за полагање на државен испит (по желба на кандидатот, не е обврска)
  • Патување во Италија за најуспешните вработени
  • Бонуси за успешно работење

За аплицирање на конкурсот потребно е да испратите:

  • резиме (кратка биографија) со фотографија,
  • мотивациско писмо,
  • уверение за завршено соодветно образование, како и
  • копија од возачка дозвола

најдоцна до 01.10.2024 година.

Ќе бидат контактирани само кандидати кои ги исполнуваат условите.

Аплицирајте преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Фармација и Биотехнологија изнесува 36.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде