We deliver high quality products that save lives and move the world forward by developing safer, greener and more connected solutions, enabling the future of mobility impacting millions of people. Aptiv.com
За поддршка на нашиот тим лоциран во Скопје, Аптив бара кандидати за позицијата:
Техничар за одржување на објект и системи
Главни задачи и одговорности:
- Инсталирање и релокација на производствените линии (вклучително струја, нитроген, пневматик и хидраулика)
- Одржување и ракување на техничките системи на зградата и на компресорите
- Ракување со системите за греење и нитроген системите, системите за наводнување и сигурносните системи
- По потреба имплементација на измени во канцелариите во зградата (креирање, набавка, одржување)
- Дневна проверка и евидентирање на проверката на системите
- Навремено вршење на превентивно и корективно одржување на цела опрема
- Водење на сметка да нема ризик во производствената опрема
- Брза реакција за намалување на големи застои во производство предизвикана од опремата на објектот
- Дневно следење и евидентирање на потрошувачката на струја, вода и греење и навремено известување за истата
Потребни квалификации:
- Факултетско образование во доменот на електроника или диплома од средно електро образование со искуство во автомобилска индустрија
- 1 годинa искуство во производство на електроника во одделот за одржување на објект и опрема
- Познавање на процеси за одржување на објект и опрема
- Познавање и способност за користење на рачен електричен алат
- Способност за самостојна работа, тимска соработка и работa под притисок
- Прецизност, работливост и флексибилност
- Добро познавање на англиски јазик
- Добро познавање на MS Office пакетот
Ви нудиме:
- Можност за работа во глобална организација
- Личен раст и кариерен развој
- Исплата на регрес и минат труд
- Слободен ден за роденден
- Спортски активности
- Амбициозна работна атмосфера каде можете да ги споделите Вашите идеи
- Организиран транспорт и храна за вработените
- Социјални активности и програми
- Работно време: 08:30 – 16:30
Доколку сте заинтересирани за позицијата, Ве молиме да се пријавите со поднесување на Ваша биографија (CV) и диплома од завршено образование, со испраќање на следнава електронска адреса Rabota@aptiv.com. Во предметот на пораката наведете ја позицијата за која аплицирате.
Рок за аплицирање: 30.09.2024
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на Аптив Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на Аптив.
- Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: aptiv.hr.macedonia.staffing@aptiv.com
Да дознаете повеќе за Aптив, посетете ја страната www.aptiv.com/careers