Vrabotuvanje.com - Специјалист за управување со ризици - Скопје - ВИНЕР ЛАЈФ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Специјалист за управување со ризици

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВИНЕР ЛАЈФ
  • Адреса: 11-ти Октомври бр.25 кат.8 Центар, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.winnerlife.mk

 

Винер Лајф е дел од Групацијата Vienna Insurance Group (VIG), осигурителна групација со седиште во Виена, е една од најголемите осигурителни компании во Централна и во Источна Европа, со околу 29 илјади вработени.

Групацијата е присутна во 30 земји со 50-ина осигурителни компании, а традицијата од 200 години успешно работење, како и значителната финансиска моќ што ја поседува, се гаранција за довербата на повеќе од 28 милиони осигуреници.

Освен како прв избор, кога се работи за производи за осигурување, Винер Лајф сака да биде, исто така, и прв избор за вработување и да ги привлече најталентираните вработени.

Винер Лајф се стреми кон стабилен, долгорочен и одржлив развој, базиран пред сè на принципите на чесност, ориентираност кон клиентите, флексибилност, со постепено но сигурно постигнување резултати што несомнено гарантираат успех за компанијата и успех за нејзините клиенти.

Доколку мислиш дека можеш да допринесеш и бидеш дел од нашиот тим, а притоа ги имаш квалификациите што се наведени подолу, АПЛИЦИРАЈ!

Специјалист за управување со ризици
 

Опис на работно место:
  • Преземање активности поврзани со идентификување, проценување и анализа на ризиците на кои е изложено друштвото;
  • Извршување активности поврзани со системот за внатрешни контроли на друштвото;
  • Извршување активности поврзани со обезбедување на деловниот континуитет на друштвото низ призма на ризиците на кои е изложено друштвото;
  • Извршување активности поврзани со вршење документирана сопствена проценка на ризик и солвентност;
  • Информирање на Управниот Одбор на друштвото за наодите од анализите и поддршка во управувањето и координацијата на процесите поврзани со ризиците во друштвото;
  • Презема активности за обезбедување на континуирана усогласеност со националните прописи и политиките на VIG групацијата кои се однесуваат на управувањето со ризици;
  • Останати работи и активности поврзани со управувањето со ризици.

Квалификации:
  • BCC – VII/1 степен образование или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКСТ
  • Работно искуство: Најмалку 3 години работно искуство во вршење на работи од областа на осигурување, банкарството, финансиите, правото, актуаристиката, ревизијата или управување со ризици во друго правно лице.
  • Други професионални квалификации, способности и вештини, вклучувајќи и лични квалитети: одлични организациски вештини, способност за изнаоѓање на ефикасни практични решенија, ефикасна орална и писмена комуникација, познавање на англиски јазик, активно работење на компјутери (Microsoft Office)

Нудиме:

  • Ранг на нето плата: 45.000-60.000 денари, зависно од претходните квалификации на кандидатот
  • Бенефиции и можности за обуки и развој
  • Пријатна работна атмосфера во која тимската работа е многу важна
  • Соработка со колеги од ВИГ групацијата и работа по ВИГ стандарди
  • Оваа позиција е со полно работно време и е достапна веднаш
 

Условите за вработување се засноваат на правичен и еднаков принцип за сите кандидати без полова, расна, верска или каква било друга дискриминација.

Со испраќањето на Вашите лични податоци, изразувате согласност тие да се користат за потребите на сопственото работење на осигурителното друштво ВИНЕР ЛАЈФ-Виена Иншуренс Груп АД Скопје согласно со Законот за лични податоци.
Ве молиме Вашата кратка биографија (CV) да ја испратите со задолжителна назнака на апликацијата: “Специјалист за управување со ризици“ на следнава e-mail адреса: 
kariera@winnerlife.mk најдоцна до 30.9.2024 година.

Апликациите ќе се разгледуваат сукцесивно како што ќе пристигнат.
Селектираните кандидати ќе бидат поканети на интервју.

 
НАПОМЕНА: 
  • Непотполните апликации нема да бидат земени во предвид. 
  • Tимот на ВИНЕР ЛАЈФ ОСИГУРУВАЊЕ ви стои на располагање за било какви дополнителни прашања кои може да ги испраќате на истата адреса за е-пошта.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде