ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЕУРОТЕРМ ДОО
Имаме потреба од нови вработувања и тоа:
1. оператор во производствен процес
Оператор на машина ќe биде дел од тимот на производство. Преку дефинирани задачи, ќе придонесува за оптимално функционирање на целиот процес на производство на композитни бојлери и соларни колектори со целосно ангажирање за заедничко извршување на задачите и грижа за заштита на животната средина, безбедност и здравје при работа. Притоа треба да развива добри односи со вработените и да биде отворен за нови знаења.
Ние нудиме:
Плата за аплицираната работна позиција ќе се договори за време на интервјуто и согласно Законот за работни односи (прекувремена работа, регрес за годишен одмор, 24/7 дополнително осигурување од незгода, обезбеден превоз до/од работното место....). Раст на платата според успехот.
Квалификации на кандидатите:
- IV степен на стручна подготовка.
- Способност да ги разбира да ги следи и применува инструкциите во процесот на производство
- Висока посветеност на постигнување на бараниот квалитет на производот
- Да ракува со производствените машини со бараната стапка на продуктивност
Конкурентски предности:
- Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност
- Организациски способности
- Динамичност, мотивираност, иницијативност
- Флексибилност и адаптибилност
- Тимско работење и кооперативност
Кандидатите треба да ги исполнат општите услови предвидени со Закон.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.
Документите треба да се достават преку Брзата Апликација и на тел. бр. 048/419-415 и 075/291-695 со назнака до Сектор за управување со човечки ресурси.