Vrabotuvanje.com - Агент за продажба на недвижности - Скопје - ГОЛДЕН АРТ ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Агент за продажба на недвижности

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГОЛДЕН АРТ ДОО

Golden Art е продолжение на семејната традиција која се протега четири генерации наназад. Од манастирите и црквите во источниот дел на Македонија, преку изградбите на објекти во струмичкиот, гевгелискиот и валандовскиот регион до неколкугодишната работа и непроценливото искуство на градилиштата во Германија, вложениот труд на нашите семејни предци беше мотив за отворање на сопствена градежна компанија. Приказната на Golden Art започна во 2005 година. По многу предизвици и меѓународно искуство, зад нас оставаме над 55 комплетирани референтни објекти во Македонија и Црна Гора, а нашиот тим веќе брои повеќе од 150 посветени вработени кои ја спојуваат својата вештина со најквалитетните материјали на пазарот – по светски стандарди.

Задоволството на клиентот е наша најголема мотивација, па затоа, нашата репутација ја градиме со квалитет и посветеност во изградбата, истовремено нудејќи ги најиновативните решенија за сѐ што Вам Ви е потребно, од проектна документација и ентериерно обликување, до изведба на најсложените објекти во секторот високоградба.

16 години работиме со љубов и максимална посветеност. 16 години ги градиме Вашите домови од соништата.

АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА НА НЕДВИЖНОСТИ

 
 
 
ОПИС НА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА:
  • комплетно менаџирање за продажба со недвижности.
  • Директна комуникација  со потенцијални купувачи со цел за успешна продажба.
  • Посветеност и одговорност во извршување на работните задачи и правила, колегијалост и тимска работа .
  • Други задачи за потребите на организацијата

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС ,Работно искуство
  • Одлични преговараки вештини
  • Силни комуникациски вештини
 
 

Заинтересираните кандидати да достават биографија-CV и мотивационо писмо, потврда за завршено образование и овластувања преку полето Брза Апликација.

Кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови ќе бидат повикани на интервју.

Телефон 070236407

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде