Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.
Над 21.000 луѓе ја дознаа вистинската плата за својата работа. Те интересира платата за твоето работно место?
Скопје
Рок за пријавување:
Ние сме првиот и најдобар телекомуникациски оператор во Македонија, и веќе 23 години сме горд член на Групацијата Дојче Телеком. Нашата мисија е сите наши корисници да добијат исклучителни услуги и грижа, па поради тоа постојано инвестираме во најнови технологии и најиноватвни продукти, услуги и процеси со кои ги задоволуваме и најпребирливите барања и потреби на нашите корисници. Нашите корисници се во фокусот на нашето работење и за нив обликуваме дигитални продукти кои ќе ги доближат нашите услуги до секој корисник, во секое време и од секаде на едноставен, комфорен и доверлив начин.
Нашите вработени се нашето најголемо богатство, а ние им обезбедуваме можности да го развијат својот потенцијал и да дадат свој придонес со своите силни страни и идеи, да бидат креативни, да работат со голема автономија, фокусирани на резултатите и корисниците, но и да се забавуваат додека сме на работното место.
Приклучете ни се и заедно ќе работиме на проекти преку кои оставаме белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен. Ајде заедно да го создаваме дигиталниот свет од иднината.
Продажен претставник за малопродажба
Твоите комуникациски вештини се твојата силна страна и знаеш да го пронајдеш она кое што му е потребно на секој наш постоечки и потенцијален корисник? Пријави се и биди дел од динамичниот тим на Македонски Телеком во нашите продажни салони.
Работни задачи:
Потребни квалификации:
Што очекуваме:
Ова е возбудлива можност за динамичен поединец кој сака да напредува во брзорастечка средина и е подготвен да учествува во градењето на успехот на бизнисот. Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим.
Што нудиме:
Работно време:
Работа во смени (понеделник до сабота, по потреба дежурства во недела)
Како да аплицирате: Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за вработување на Продажен претставник за малопродажба.
Контакт информации тел. 02/2 3 242-694
Огласот ќе биде отворен од 17.09.2024 до 24.09.2024.
Забелешка:
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.
Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!