Vrabotuvanje.com - Проект Менаџер - Скопје - МАЦЕДО ХРМ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Проект Менаџер

Скопје

Рок за пријавување:

  • МАЦЕДО ХРМ

Мацедо ХРМ е лиценцирана агенција за посредување при вработување во земјата и странство, основана во 2018 година, специјализирана за регрутирање и поврзување на квалификуван кадар со водечки бизниси низ различни сектори, вклучувајќи угостителство и хотелиерство, автомобилска индустрија, маркети и сл, која работи по највисоките законски стандарди.

Проект Менаџер

Цел на работното место е:

  • Планирање, организација и контрола на комплетниот процес на зададениот проект. Координација на активностите со сите сектори вклучени во проектот, постојана комуникација со засегнатите страни и оптимално задоволување на временските рокови усогласени со клиентот.

Работни обврски:

  • Водење на еден проект, по претходно разработен и договорен план
  • Следење на сите насоки по кои се движи проектот и брза адаптација кон следните чекори
  • Менаџирање и редовна комуникација со целиот вклучен тим
  • Тековни известување до Специјалистот за човечки ресурси во насока на одржување на постојана комуникација со Работодавците засегнати во тој проект
  • Давање на свои предлози, забелешки и размислувања со цел унапредување на проектот
  • Можност за вклучување во други проекти, по потреба и со претходен договор
  • Договарање на интервју за регрутација на кандидати и комплетна вклученост во истиот

Потребни квалификации:
Кандидатите кои ќе аплицираат за оваа работна позиција треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Искуство со работење во Microsoft Office (Word, Excel, Power Point) и интернет алатки
  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Способност за самостојна и тимска работа
  • Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
  • Одговорност за доверливоста и безбедноста на информациите со кои располага
  • Поседување на Возачка дозвола Б категорија

Пожелни квалификации:

  • Завршено високо образование
  • Претходно работно искуство на иста или слична работна позиција
  • Поседување на вештини за раководење со проект, мобилизирање на средства, известување и други административни вештини
  • Познавање на Српскохрватски јазик во говорна и пишана форма
  • Лојалност, самоиницијативност, темелност и енергичност

Што нудиме:

  • Динамична работна атмосфера каде задоволството на вработените има клучна вредност
  • Конкурентна плата и дополнителни бенефити
  • Учество на различни настани: саеми, конференци и обуки
  • Можност за професионален развој и напредок
  

Работната позиција е во Скопје, со работно време од 09:00 – 17:00 часот( понеделник – петок)

Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го испратат преку полето Брза Апликација

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде