Vrabotuvanje.com - Стручен соработник за сметководство и финансии - Скопје - МЕГА-АУТОПАРТС ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Стручен соработник за сметководство и финансии

Скопје

Рок за пријавување:

  • МЕГА-АУТОПАРТС ДООЕЛ

 

МЕГА Ауто Партс е специјализирана компанија за увоз, дистрибуција и големопродажба на автомобилски оригинални резервни делови од реномирани производители од Германија и Западна Европа.  МЕГА Ауто Партс е основана во 1998 година и со текот на годините е изградена репутација на добро организирана компанија која нуди висококвалитетни автомобилски делови, одлична услуга и професионалност, позиционирајќи се како една од водечките компании во бизнисот со резервни автомобилски делови.

Поради зголемениот обем на работа  МЕГА Ауто Партс  го проширува својот тим и ги охрабрува мотивираните и талентирани професионалци да ги поднесат своите апликации за следната работнa позиција:

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИИ ( 1 позиција)

 

Потребни квалификации:
  • Образование: Завршено високо образование (VII/1) во соодветната област – економија, финансии, сметководство и ревизија
  • Работно искуство: Минимум 2 години на иста или слична работна позиција.
  • Познавање на финансиските регулативи и сметководствените стандарди
  • Напредно познавање и работа со MS Office пакет (Word, Excel, Powerpoint). Предност ќе имаат кандидатите кои познаваат работа во Pantheon
  • Познавање на англиски јазик (говорен и пишан)
Работни должности:
  • Водење на финансиското книговодство и сите работи од областа на материјално - финансиското работење
  • Контирање и книжење за севкупните финансиски промени
  • Комплетирање на финансиските документи, завршна сметка, ревизорски извештаи
  • Изготвување излезни фактури, анализирање, контрола и усогласување на фактури со главна книга
  • Подготовка на налози и вирмани за исплата на придонеси и други законски давачки
  • Усогласување на евиденцијата во магацините и материјалното книговодство
  • Подготвка на патни сметки за службени патувања
  • Водење евиденција и чување деловните книги и сметководствени документи

Способности и вештини:

 

  • Комуникативна и позитивна личност
  • Критичко размислување
  • Високо развиени организациски и аналитички способности
  • Способности за решавање проблеми, со остро око за детали и точност
  • Тимска работа
  • Желба за учење
  • Чувство за мултикултурализам и недискриминација

 

Доколку сте заинтересирани да градите кариера во нашата компанија и да бидете дел од нашиот тим Ве охрабруваме да испратите кратка биографија на е-маил:administracija@megaauto.com.mk со назнака за позицијата за кој апалицирате но не подоцна од  25.09.2024 година.

*Напомена: Контактирани ќе бидат само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг.

Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на регрутација и селекција се користат единствено за целта за која се побарани.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде