Vrabotuvanje.com - Правник - Скопје - ПУЦКО ПЕТРОЛ увоз-извоз ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • ПУЦКО ПЕТРОЛ увоз-извоз ДООЕЛ


Пуцко Петрол е компанија основана во 1992 година со седиште во с.Пласница, Македонија. Основна дејност на нашата компанија е трговијата со нафта, нафтени продукти и горива за транспорт. Докажан бренд во нејзиното поле, првенствено поради високиот квалитет на горивото и одличната услуга кон клиентите. За повеќе од 25 години нашиот оддел за малопродажба им нуди на клиентите гориво со највисок квалитет, одлична услуга и ги задоволува сите барања и потреби на клиентот. Одделот за големопродажба има резерви на нафта и нафтени продукти за компании и институции кои имаат потреба и ги користат нашите производи за транспорт, греење, производство итн.

Моментално компанијата соработува со над 1500 успешни компании кои ги користат нашите производи и услуги врз основа на договори за соработка, вклучувајќи лојалност, доверливост, сигурен извор на понуда и квалитет. Наши клиенти се листа се државните служби, јавните комунални претпријатија, универзитети, средни и основни училишта, детски градинки, приватни големи, мали и средни претпријатија, дипломатски и конзуларни претставништва 

Бараме правник кој ќе ни се приклучи 
во тимот на Пуцко Петрол

ПРАВНИК
 

Одговорности:

  • Да обезбеди административна поддршка на правната служба во компанијата;
  • Асистирање и самостојно креирање на правни документи, коресподенција и меморандуми;
  • Да се грижи за архивата на правната служба;
  • Да подготвува и дистрибуира правни документи; 
  • Влезна и излезна правна коресподенција;
  • Врши административно технички работи;
  • Врши и други работи по налог на непосредниот раководител;
  • Ги следи, известува за промените и применува законските и подзаконските прописи;
  • Изготвува правни акти на ниво на организација (договори, решенија, спогодби, одлуки, записници и сл.);
  • Изготвува документација до државните институции.

Квалификации:

  • Правен факултет;
  • Стручност, посветеност и одговорност во извршувањето на работните обврски, способност за справување со повеќе разновидни задачи истовремено и брзо носење одлуки, насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи, самоиницијативност, комуникациски вештини и тимска работа;
  • Искуство со Microsoft Office алатки (excel, word, outlook);
  • Способност за работа со повеќе истовремени задачи и ефективно да се даде приоритет на задачите;
  • Организирани со внимателност кон деталите.

Придобивки:

  • Здравствено осигурување и договор за работа од прв ден;
  • Пријатна околина, менторство и тимска работа;
  • Можности за раст и напредок во рамките на компанијата.

     

Ако сте мотивирана и организирана личност Ве охрабруваме да аплицирате за оваа возбудлива можност.

Адреса за контакт: vrabotuvanje@puckopetrol.com.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Право изнесува 23.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде